„Мора да имаме предвид дека 30 години нашите ромски маала во различни општини се заборавени. Кога требало да се инвестира изговор било дека се немаат средства, додека ние како граѓани активно ги плаќаме даноците, локалните такси. За жал имаме мала ренспонзивност. Можам да кажам дека Општина Штип има позитивно одговорено, Општина Кочани веќе три години ги има парите за креирање на типски куќи, односно да се смести населението од касарната, каде што веќе 20 години живеат. Значи средствата ги има на сметка, но ништо не се прави, затоа што дискриминацијата е многу изразена, односно самото локално население не дозволува да се градат овие куќи, вели меѓу другото Алберт Мемети од Ромалитико / АВАЈА, на панелот на ЦИВИЛ „Шуто Оризари, заборавена општина“.