• Latest

Протести и блокади доколку Град Скопје не ги исполни барањата на жителите на Шутка, и се редат оставки на Арсовска, руски функционери предлагаат соборување на Путин

September 13, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Протести и блокади доколку Град Скопје не ги исполни барањата на жителите на Шутка, и се редат оставки на Арсовска, руски функционери предлагаат соборување на Путин

September 13, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во предизборната програма вети дека истата ќе биде надополнета и дека има конкретни проекти кои се брзи и сигурни решенија за старите проблеми на Шуто Оризари. Исто така вети дека ќе се посвети на проширување на „македонско-косовска бригада“ од Чаир до Шуто Оризари, дека ќе обезбеди побрзо и побезбедно патување, што всушност е и најболната точка во нашата општина. Вети и продолжување и проширување од Булевар „Словенија“, како и ветувањето дека токму од Шуто Оризари повторно ќе покажеме дека Скопје се грижи за своите граѓани. Ветуваше и базен во Шуто Оризари. Значи, за жал, помина повеќе од една година, а во општината имаме нула инвестиции од Град Скопје, потенцира Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари, на панелот на ЦИВИЛ: „Шуто Оризари, заборавена општина“.

„За една година ние имавме само еден состанок. На тој прв состанок според кажувањата на градоначалничката таа ни навести дека ќе се води политики за Шуто Оризари што ги има во нејзината програма, а ние да водиме паралено, односно ако она пушти некоја улица во употреба, ако сака градоначалникот на општината може да дојде, но и немора“, потенцира Дудуш.

-На разни политички дебати пред избори имаме ветувања од градоначалници, советници дека прашањата ќе се решат, како на локално, така и на национално ниво. Ние ги следиме тие предизборни ветувања и ги држиме отчетни општините за време на добиениот мандат. До сега имаме поднесено буџетски барања во 20 општини. Тоа го правиме низ партиципивен процес заедно со граѓаните, вели Алберт Мемети од Ромалитико / АВАЈА, кој додава дека една практика која што треба да се смени во сите општини е дека граѓаните треба да имаат учество во креирањето на буџетите во општините.

-Секој граѓанин плаќа различни даноци на општините и затоа општините треба да реинвестираат во самото население, смета Мемети.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија.

-Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање, вели Гир во интервју за 360 степени.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Бојан Христовски, досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“-Скопје, како и неговиот колега од ЈП „Дрисла“ – Скопје, Јане Мицевски, преку фејсбук денеска соопштија дека даваат оставка од функцијата директор.

По вчерашните оставки и разрешувања денеска уште двајца кадри на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија функцијата директор во градските претпријатија.

ИНЦИДЕНТ Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека денеска физички бил нападнат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.

СОРАБОТКА Снабдување со лигнит и јаглен од рудниците во Грција во следниот период, снабдување со мазут, но и можност за грчка инвестиција со изградба на гасна централа до 200 мегавати, најави премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски од Атина, веднаш по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ Битиќи од конференцијата за Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Група руски функционери апелираа до Државната дума на земјата да го отстрани претседателот Владимир Путин од власт под обвинение за велепредавство, открива документот што го сподели еден од руските пратеници кои го потпишаа предлогот, пренесува Њузвик.

*

По значајниот воен неуспех, новите извештаи сугерираат дека Русија ги прекинала плановите за испраќање дополнителни војници и единици во Украина, пишува Њузвик.

*

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.

*

Во регионот Харков, руските трупи отворија оган врз градот Харков и локалните области во текот на изминатиот ден, вклучувајќи ги и неодамна деокупираните области. Како резултат, загинаа тројца цивили, објави началникот на регионалната воена управа на Харков, Олех Синиехубов на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

*

Украина вчера соопшти дека повратила повеќе терен во војната со Русија и ги удвои своите повици Москва да се предаде на југот. Следните чекори на Украина би можеле да го одредат краткорочниот тек на војната. Лажниот потег може да ги потроши достапните можности, но предолгото чекање може да дозволи првите линии да се замрзнат со почетокот на зимата, пренесува Њу Јорк Тајмс.

ИНТЕРВЈУ

За животот во Египет, предизвиците, прилагодувањето со тамошната култура и начинот на живот, како и за општествените прилики, човековите права, мултикултурализмот и почитувањето на разликите во Египет, ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа раскажа Офелија Гаџевска Садек.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Проф. Мирјана Најчевска

Корективните критериуми (согласно меѓународните стандарди) се формулираат како давање предност на кандидатот од помалку застапената етничка заедница во услови на кандидати кои приближно исто ги исполнуваат условите и со засилување на образованието на кадри од конкретна етничка заедница кои недостасуваат во јавниот сектор.

Во ниту еден меѓународен документ не се спомнува етничката припадност како основен критериум при вработувањето во јавниот сектор и во државната администрација. Секаде како  основни критериуми се спомнуваат: знаењето, искуството и соодветниот интелектуален и професионален капацитет, а етничката припадност фигурира како коректив на евентуална идентификувана дискриминација.

Наспроти ова во Македонија упорно се турка на преден план партиската припадност спакувана во етничка обвивка и залепена со меѓупартиски пазар, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Критериуми и корективи“.

„Дека општеството е пополаризирано од кога и да е сведочи атмосферата на напнатост в очи организацијата на Европскиот прајд чиј домаќин, за првпат, ќе биде градот Белград. Одлуката дека Европскиот прајд ќе биде одржан во Белград е донесена уште во 2019 година, но ниту одблизу не предизвика реакција од јавноста, особено од хомофобичниот и хомоскептичниот дел, како пред самото одржување. Зошто, и покрај растот на афирмацијата на ЛГБТКА+ заедницата во изминатите неколку години (иако побавно во однос на другите, особено западните општества), одеднаш таков пораст на хомофобија и хомоскептицизам?“, пишува Зорана Миловановиќ во колумната „Време на конфузија на идеологии“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ