• Latest

СДСМ нема да дозволи Мицкоски да ја загрози европската иднина, да се охрабри проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ

September 14, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ нема да дозволи Мицкоски да ја загрози европската иднина, да се охрабри проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ

September 14, 2022 15:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Да се охрабри проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое не се согласува со Мицкоски. Ќе ја искористам можноста на денешнава прес-конференција да апелирам во мое лично име, во името на проевропските сили во државатада се охрабри она проевропско крило во опозицијата особено во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаме на една страна крило во партијата кое е тег што ја влече партијата надоле, а за среќа на вистината и за среќа на државата имаме и проевропско крило коешто на реална основа се спротивставува на политиките на Христијан Мицкоски, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата за иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ.

Костовски упати апел токму до тие слободоумни, проевропски настроени луѓе да дадат несебична поддршка во периодот што предстои пред нас. Истакна дека ова е историски период, период којшто од 1991 па навака сите политички партии, сите политичари го имаат ветувано и сега дојде време на нашата генерација да покажеме дека Република Северна Македонија единствено мора да стане дел од ЕУ.

На прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ нагласи дека иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е спротивна на македонскиот Устав и националните интереси и затоа нејзиното отфрлање е очекувано.

Тој истакна дека Договорот за добрососедство е меѓународен договор, а членот 118 од Уставот јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со Закон. Затоа што според Уставот прекинување на правно дејство значи менување.

Тоа го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа вчера цитираа погрешен член 24 од Законот за референдум кој се однесува на консултативен референдум, а не на задолжителен како што бараат во иницијативата, кажа Костовски.

Според Костовски, очигледно Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Устав.

Сето тоа со цел да создава тензии, да го манипулира народот, самиот свесен дека таа негова инцијатива нема да успее, рече Костовски. Впрочем, оваа иницијатива е поседна во низата измами на Мицкоски со цел спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и спас на бизнис интересите на одредена екипа во неговото непосредно опкружување.

Костовски потсети дека Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија, не ги удостоија граѓаните ниту со расправа во Собранието.

Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните. И тука се гледа незрелоста, неодговорноста но и деструктивноста на Мицкоски,нагласи Костовски.

Тој истакна дека, како одговорни политичари кои што водат сметка за подобар живот на граѓаните и имиџот на државата повторно ќе потенцирам дека во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, крајно неодговорно и недозволиво Мицоски сака да се потрошат осум милиони пари на граѓаните, заради негови лични внатрепартиски интереси.

СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во темното минато на изолација и поделби, истакна пратеникот на СДСМ , Мартин Костовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ