• Latest

Катиљ ферман за Мицко од Будимпешта

September 19, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катиљ ферман за Мицко од Будимпешта

September 19, 2022 15:13
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Не пропуштајте ја следната епизода од теленовелата „Рачиња во мед“ во ко-продукција на ВМРО-ДПМНЕ и „независната компанија за правење филмови“ Град Скопје, во улогата на извршен продуцент се појавува неповторливата Данела Арсовска и под режисерска палка на ненадминатиот (звук на фанфари) Никола Груевски.

Драмолетката со меѓусебните препукувања на релација градоначалничка- кадри на ДПМНЕ на раководни функции во градските претпријатија навлезе во втората недела одсвоето емитување во етерот. Бранот оставки (или разрешувања, во зависност од која страна на довчерашните партнери гледате)  ја бранува јавноста веќе втора недела, додека вербалните напади, прозивки и обвинувања отидоа ниво погоре, во раководните структури, односно директно во врвот, инволвирајќи ги градоначалничката (независна, а поддржана и до скоро и обожувана како најдобра менаџерка, најдобра градоначалничка и уште многу друго „нај“ од ВМРО ДПМНЕ), и лидерот на истата таа ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник („wanna be“ премиер) Христијан Мицкоски.

Каде (и зошто) пукна тиквата помеѓу доскорешните сојузници. Речиси до вчера, еден со друг си делеа комплименти, глорифицирајќи ја улогата која ја имаат во тековните општествено-политички збиднувања. Таа беше нивната „челична дама“, тој беше „вистинскиот човек“ кој работи за доброто на градот, земјата, народот… И одеднаш, катаклизма. Цунами…

Но, како Данела го одбра токму овој момент да прогледа за “рачињата во мед“ на ВМРО-вските директори, за вработувањата на партиските војници во „нејзините“ претпријатија, сите оние аномалии за кој градоначалничката досега изигруваше „француска собарица“. И, дали таа самата дојде до овие сознанија, или некој и „помогна“ тоа да госфати. Кој ја „разбуди заспаната убавица“ од комотниот „коалициски“ сон?

Во јавноста се вртат неколку сценарија на оваа трагикомедија. Од она најбаналното, со која ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја префрла топката на СДСМ, со обвинение дека Данела игра по диктат на владејачката партија со цел да се спаси од некои обвинувања кои стојат во нечија фиока, преку тоа дека обработува за човекот кој ја инсталира во Сојузот на стопански комори… Но, за едно, некако тивко, или воопшто не се зборува, дека всушност „преобразбата“ на Данела е нарачка од „пастирот“ од Будимпешта. Па не за џабе градоначалничката, уште како претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, стана почесен конзул на Унгарија во нашата земја. Дојде време инвестицијата да се наплати.

Гревовите со кои Мицкоски си ги поткопа позициите кај бегалецот во Будимпешта јасно и гласно ги кажа Данела од говорницата во градското собрание (со неизбежното заканувачко клатење со глава, налактена со двете раце на говорницата). Покрај поголемиот број дисквалификации кои му ги упати на актуелниот* претседател на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалничката му ги упати следните зборови: „Да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори, како што се бори овие три/четири дена со мене, ќе ја спасеше Македонија“… како излезено од Фејсбук статусите на „никогаш непрежалениот бегалец“.

Пастирот, очигледно, му замерува на својот пулен, кој го „октроиса“ во негов заменик на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, дека не успеал да се спротивстави на власта и попуштил во борбата за блокирање на евро-атлантските процеси на државата.

Нелогичните потези што ги презема Мицкоски, вклучително и начинот на кој беше донесена одлуката за референдум, како и неразбирливата, двосмислена формулација на референдумското прашање, кои изгледаат како да се подготвени така намерно, за иницијативата, ако не биде отфрлена, секако ќе биде осудена на неуспех. Може за него и да имаат некаква логика, да се ставени во функција со цел да се испазари за својот опстанок на политичката сцена, како со домашниот, но уште повеќе со странскиот фактор.

Дали Груевски, кој и самиот беше во слична, ако не и иста позиција, ги препозна сигналите за отклонување на Мицкоски од матрицата која тој самиот му ја зацрта, пи сфати дека овој се подготвува да ја пресече папочната врвца со која е поврзан со својот наредбодавец од Будимпешта. Клонот решил да се отклони.

И на сето ова, Мицкоски реагира неочекувано млако во своја одбрана, релативизира, како да не сака да се спротивстави, барем не јавно, на својот ментор. Му станало јасно на човекот од каде дува ветерот.

*Зборот „актуелниот“ е употребен во контекст на временската рамка во која читателите ќе го имаат пред себе овој текст, каде лесно може да се случи, во време кога ќе го читаат текстот, актуелниот веќе да биде поранешен.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ