• Latest

Грковска со претставници на Трезорот на САД: Продлабочување на соработката преку конкретни проекти за јакнење на демократските принципи и одговорно и отчетно владеење

September 22, 2022
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грковска со претставници на Трезорот на САД: Продлабочување на соработката преку конкретни проекти за јакнење на демократските принципи и одговорно и отчетно владеење

September 22, 2022 14:08
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Трезорот на САД, предводена од Шила Бекет, вршител на должност вонреден директор и виш советник за буџет и финансиска отчетност на Трезорот на САД, информираат од Владата.
Упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска информираше за активностите на Кабинетот, во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, јакнење на принципите за добро владеење, обуките за интегритет за избраните и именувани функционери и проектите кои се реализираат во делот на дигиталната трансформација на општеството, со поддршка на Амбасадата на САД и Естонскиот центар за меѓународна соработка.

Во разговорот стана збор и за продлабочување на соработката и нови проекти со Трезорот на САД, кои би биле насочени кон зајакнување на капацитетите во однос на интегритетот кај даночните и царинските службеници, како и во делот на антикорупциските политики. Истовремено на состанокот Вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.

На состанокот беше потврдена определбата за продлабочување на меѓусебната соработка преку конкретни проекти кои ќе овозможат јакнење на демократските принципи и стандарди, во интерес на одговорно и отчетно владеење.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ