Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.
Со ова обраќање премиерот Ковачевски ја завршува посетата на САД и учеството на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк.