• Latest

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

July 27, 2016
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
Илустрација ВИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Толеранцијата не е молчење пред агресијата и омразата – нема мир без правда

November 16, 2026
NVIDIA (photo:  Wikipedia)

NVIDIA во криза: Меѓу секс скандалите и шпионажата

November 16, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Познати термините и градовите домаќини на големите концерти на Караванот на слободата

July 27, 2016 13:10
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дефинирани се локациите и датумите на големите концерти на Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД.

Предвидени се девет концерти, на кој ќе учествуваат многу звучни имиња од македонската андреграунд сцена, како и локални бендови од градовите-домаќини на настаните. Првиот концерт е закажан во Велес на 5-ти август, потоа следуваат концертите во Струмица (11-ти август), Прилеп (19-ти август), Тетово (26-ти август), Куманово (2-ри септември), Штип (16-ти септември) и концертите во Скопје (29 и 30-ти септември и 1-ви октомври).

Ден пред секој концерт, ќе се организираат настани од помал обем, ди-џеј сетови, средби и активности во по три соседни општини околу градовите-домаќини во кои се предвидени големите концерти, како своевидно финале на повеќечасовните мултимедијални настани кои ќе опфатат и ликовна изложби, дебати на политички теми, работилници, проекции на филмови и видео материјали, настапи на поети и артисти…

13735511_1007787292673073_4873177168005621688_o

На 4-ти август Караванот ќе ги посети општините Неготино, Градско и Кавадарци, каде присутните жители, покрај активностите на тимовите на ЦИВИЛ кои ќе ги проследат, ќе имаат можност и да се пријават за организиран превоз за концертот во Велес.  На 10-ти август, ден пред концертот во Струмица, Караванот ќе гостува во општините Богданци, Валандово и Гевгелија, а ден пред прилепскиот концерт, на 18-ти август – во општините Кривогаштани, Долнени и Крушево, каде ќе се одржат средби со граѓаните и ќе се организира превоз за концертите во Струмица и во Прилеп. Ден пред концертот во Тетово, на 25-ти август, Караванот ќе ги посети општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар, а како најава за концертот во Штип, ден порано, на 15-ти септември, ќе бидат посетени општините Чешиново, Карбинци и Кочани, и од сите посетени општини ќе бидe организиран превоз за концертите во Тетово и Штип.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

 

 

Tags: Караван на слободатаконцертиМакедонијауметнициЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ