• Latest

Спасовски се сретна со потпретседателот на ЕК, Шинас: Посветени сме на имплементирањето на европските вредности во нашето општество, вклучително и во миграцијата

October 3, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски се сретна со потпретседателот на ЕК, Шинас: Посветени сме на имплементирањето на европските вредности во нашето општество, вклучително и во миграцијата

October 3, 2022 14:06
in ВЕСТИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок со потпретседателот на Европската комисија за „Заштита на нашиот европски начин на живот“, Маргаритис Шинас. На средбата министерот Спасовски изрази  задоволство од започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, како децениска стратешка цел на Северна Македонија и уверување дека процесот ќе обезбеди просперитет и напредок на земјата, а  реформите на подолг рок ќе донесат бенефит за граѓаните, информираат од МВР.

„Мотивирани сме и посветени на имплементирањето на европските вредности во нашето општество, вклучително и во миграцијата. Имаме добра основа, но и политичка волја и капацитет тоа да го направиме. Чекориме по европскиот пат и израз на нашето заедништво ќе биде и потпишувањето на Договорот со Европската гранична и крајбрежна стража. Наведениот договор е израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал. Нашата досегашна соработка на ова поле покажа дека кога работиме заедно, можеме успешно заеднички да ги решиме предизвиците“, истакна министерот Спасовски, изразувајќи  благодарност до ЕУ за континуираната поддршка за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција, преку обезбедување советодавна помош и обуки, како и преку набавка на специјализирана опрема за зајакнување на граничниот надзор.

Министерот Спасовски како особено значајно го истакнам присуството за странските полициски службеници од соседните земји и земјите партнери од ЕУ, кои учествуваат во заеднички гранични операции на јужната граница и успешно се справуваат со мигрантските предизвици. Како резултат на тоа во делот на криумчарењето на мигранти, во периодот од јануари до јули  регистрирано е значително зголемување на бројот на откриени случаи од 119% во однос на истиот период лани, додека бројот на откриени криумчарени мигранти е зголемен за 141%, што укажува на зголемена ефикасност во откривањето на вакви случаи.  Како што нагласи Спасовски, трендовите укажуваат дека регистрираните бројки во областа на илегалната миграција, криумчарењето на мигранти и поднесените барања за азил се зголемени во поглед на истиот период минатата година, но тие немаат значителен импакт во однос на националниот систем за управување со миграции. Сепак, од особена важност, според Спасовски, е поддршката од ЕУ во процесот на потпишување и имплементација на договорите за реадмисија со земјите на потекло во сите фази на враќањето.

„Затоа сакам да истакнам дека Република Северна Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт, заедно со нашите соседи и земји партнери, а особено со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер, преку интегрираното гранично управување целосно усогласено со европското законодавство. Притоа, неопходно да се продолжи соработката во сите споменати сегменти, особено важноста од редовна размена на информации меѓу земјите од регионот и на рутата, како и учество во активностите на ФРОНТЕКС, но и поддршка на сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот, вклучувајќи ја и безбедноста на целиот Европски континент“, рече Спасовски на средбата со потпретседателот на ЕК, Шинас.

На средбата се потврди посветеноста на Северна Македонијa во решавањето на предизвиците со илегалната миграција, чија улога како земја кандидат станува сѐ поклучна во продолжување на бескомпромисната борба со криумчарењето на мигранти.

Во таа насока потпретседателот на Европската комисија Шинас истакна: „Многу сум му благодарен на министерот за нашата многу продуктивна средба во Скопје. Сè поблиската соработка на Северна Македонија за миграцијата е дел од нејзиниот пат кон ЕУ и договорот за статусот што се потпишува со нашата европска агенција за гранична и крајбрежна стража ќе биде силен доказ за тоа. Одиме напред, треба да продолжиме да работиме заедно на усогласување на визната политика, борбата против шверцот и управувањето со границите“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ