• Latest

Заклучни согледувања на Комитетот за правата на детето при ОН за Северна Македонија: Анти-дискриминацијата како клучна област во која е потребно унапредување

October 4, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Заклучни согледувања на Комитетот за правата на детето при ОН за Северна Македонија: Анти-дискриминацијата како клучна област во која е потребно унапредување

October 4, 2022 13:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за правата на детето ги објави завршните согледувања за Република Северна Македонија. Мрежата за заштита од дискриминација имаше доставено два извештаи во сенка во областа на дискриминација, со особен фокус на дискриминација на деца со попреченост, Роми и ЛГБТИ млади и учествуваше на пред-сесијата во февруари 2021 година. Во завршните согледувања Комитетот го привлекува вниманието на државата на препораките кои се однесуваат меѓу другото и на недискриминација, насилство врз деца и на унапредување на правата на децата со попреченост.

Комитетот го нотира формирањето на Комисија за спречување и заштита од дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сепак, Комитетот и понатаму е сериозно загрижен за постоењето на стереотипи и општествени норми кои доведуваат до дискриминација врз децата, особено врз децата Роми, децата со попреченост, ЛГБТИ децата и млади што доведува до дискриминација врз основа на социјален статус. Комитетот ја повикува државата:

-да обезбеди целосно спроведување на постоечките закони кои забрануваат дискриминација и да ги зајакне кампањите за јавна едукација, промовирање на толеранција, соживот, почитување на различностите, дијалог и вклучување на сите актери, кско и подигање на јавната свест за забрана за дискриминацијата;

-да се ​​зајакнат капацитетите и ефективноста на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на агенциите одговорни за примање претставки;

-да се ​​зајакне имплементацијата на Стратегијата за еднаквост и недискриминација за периодот 2022-2026 година, обезбедувајќи учество на децата и граѓанското општество во нејзиниот дизајн и следење на нејзината ефикасност;

-да се ​​обезбеди истрага на случаи на дискриминација на деца.

Комитетот го поздравува спроведувањето на новиот модел за проценка на попреченоста, базиран на пристап на човекови права, заснован на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ); го поздравува донесувањето на Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027) и донесувањето на Законот за основно образование како правна основа за вклучување на учениците со попреченост во образовниот систем. Сепак, Комитетот е загрижен, меѓудругото, за:

-празнините во собирањето на расчленети податоци за децата со попреченост;

-недоволни финансиски и човечки ресурси за спроведување на Законот за основно образование и моделот за проценка на попреченоста врз основа на МКФ;

-недостапноста и несоодветноста на училиштата, зградите, транспортните средства и просториите за деца со попреченост, што ја попречува нивната пристапност;

-постоењето на предрасуди кои имаат влијание врз маргинализацијата и дискриминацијата на децата со попреченост при пристапот до здравствени, образовани и услуги за заштита на нивните права.

Комитетот и препорачува на државата да се ​​спроведат мерки за справување со повеќекратната и интерсекциската дискриминација врз децата со попреченост, како и зајакнување на мерките за промовирање на вклучувањето на децата со попреченост во заедницата и обезбедување на нивен еднаков пристап до сите услуги во заедницата, особено културните, спортските и рекреативните активности.

Комитетот исто така изразува загриженост за недоволните системски напори за справување со врсничкото насилство во училиштата, онлајн малтретирањето и насилството врз ЛГБТ младите, децата со попреченост и децата Роми. Исто така, Комитетот препорачува зголемување на пристапот до сексуално образование, односно сеопфатно, соодветно на возраста образование за сексуално и репродуктивно здравје и права, засновано на научни докази, кое вклучува информации за спречување на адолесцентна бременост и за високоризично сексуално однесување, кое пак ги вклучува прашањата на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, планирање на семејството и контрацептивни средства, превенција и третман на сексуално преносливи инфекции.

Мрежата за заштита од дискриминација ги повикува надлежните институции а особено Министертвото за труд и социјална политика сериозно да ги земат предвид препораките на Комитетот за правата на детето и да усвојат соодветни планови и средства за нивно спроведување.

Особено апелираат за итно спроведување на препораките кои постојано се повторуваат во однос на заштитата на децата од дискриминација и насилство.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ