-Швајцарија е земја на референдумите. До 1970 година, Швајцарците со референдум не и дааваа право на глас на жената. Значи која е таа бесмислица кога Отоманската империја дозволува да гласааат жените, а во една од најнапредните демкоратски земји тоа се оправдуваше со референдум, изјави на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: Со референдумот, или на него“, новинарот и колумнист Ерол Ризаов.
-Сакам да кажам, дека референдумите главно се насочени кон комунални, еколошки проблеми. Затоа сметам дека треба да се има однос – политички, демократски, пред се кон сопствената јавност, да се прифатат овие тешки компромиси кои ги прави Македонија, бидејќи се покажа дека во текот на целиот изминат период, се потешки и потешки се условите кои доаѓаат. Значи не се намалува ова што ние го одлужуваме, вели Ризаов.
Д. Варошлија
Камера: Горан Наумовски
Монтажа: Ариан Мехмети