• Latest

Османи: Ни треба поинаква економија, поинаков пристап кон природниот свет и нашата животна средина

October 5, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Османи: Ни треба поинаква економија, поинаков пристап кон природниот свет и нашата животна средина

October 5, 2022 15:52
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, ја отвори Конференцијата Зелена агенда за Западен Балкан, која се одржува денес и утре, во Скопје, во заедничка организација на Институтот Аспен од Германија во соработка со Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и Германското федерално министерство за надворешни работи.

На отворањето на Конференцијата, покрај министерот Османи, се обрати и државната министерка за Европа и клима при Федералното министерство за надворешни работи на Германија, Ана Лирман, како и извршната директорка на Институтот Аспен, д-р Сторми-Аника Милднер.

Фокусот на дискусијата беше ставен на целите поставени со заклучоците од Самитот на Берлинскиот процес – ко-претседаван од Северна Македонија и Бугарија, во 2020 година – Зелената агенда за Западен Балкан и нејзиниот акционен план во насока на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и сериозното загадување на воздухот во регионот.

Зелената агенда на Западен Балкан е вистинскиот одговор на долгорочен план, кога  светот се соочува со енергетска криза и дополнителни предизвици кои ги носи руската агресија врз Украина и ефектите од војната што ги ставија економиите и граѓаните во тешкотии околу наоѓањето извори на енергија.

Министерот Османи подвлече дека денешната конференција може да се апсолвира како навремена вежба како да се дојде до идеи, решенија и резултати, потенцирајќи дека нашиот сегашен начин на живот ги достигнува своите економски, социјални и еколошки граници.

„Ќе ни треба поинаква економија и пазар на труд, поинаков пристап кон природниот свет и нашата животна средина. Различни начини на живеење, работа, патување и водење бизнис и различни начини на функционирање како општество.  Но, соработката нѐ прави сите посилни од несогласувањето и поларизацијата“, рече Османи.

Воедно, Османи истакна дека Северна Македонија останува посветена на реализација на Зелената агенда преку правична енергетска транзиција, со посебен фокус на позеленувањето на нашата индустрија, со инвестирање во хидро, ветерна и сончева енергија.

На Конференцијата учествуваа пратеници и заменици министри за надворешни работи од регионот, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на Регионална канцеларија за младинска соработка, Алберт Хани, како и и претставници од невладиниот сектор од земјава и регионот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ