• Latest

Во руските гранатирања на регионите Доњецк и Запорижја загинаа 13 цивили, повредено шестгодишно дете во Никопол

October 12, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во руските гранатирања на регионите Доњецк и Запорижја загинаа 13 цивили, повредено шестгодишно дете во Никопол

October 12, 2022 12:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руските војници изминатиот ден убија шест жители на регионот Доњецк, седум цивили загинаа во непријателско гранатирање на регионот Запорожје, додека во руските напади на Никопол едно дете е тешко повредено.

„На 11 октомври Русите убиле шест цивили во регионот на Доњецк: четворица – во Лиман и двајца – во Терни. Уште едно лице е повредено“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк, пренесува Укринформ.

Во моментов, невозможно е да се утврди точниот број на загинатите и повредените во Мариупол и Волноваха, истакна Кириленко.

Како што известува Генералштабот на вооружените сили на Украина, Русите се обидуваат да ги задржат привремено заземените територии, да ги запрат контраофанзивните дејства на украинските одбранбени сили во одредени правци и да тргнат во офанзива во правците Бахмут и Авдиивка.

Руските трупи со MLRS и артилерија ги гранатираа Орихив и Степнохирск од областа Запорожје, при што загинаа седум цивили, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

“Регионот Запорожје повторно е нападнат. Руските терористи, кои се нарекуваа армија, го гранатираа регионот со MLRS и артилерија. Беа погодени градот Орихив и селото Степнохирск. Како резултат на бруталното гранатирање, загинаа 7 лица и исто толку се повредени“, напиша тој.

Според Тимошенко, надлежните служби веќе работат на отстранување на последиците од нападот.

Како што пренесува Укринформ, утрото на 11 октомври, непријателот истрелал 12 ракети С-300 врз јавни објекти во градот Запорожје.

Русите истрелаа повеќе од 100 гранати кон Никопол. Едно дете е тешко повредено.

„Русите цела ноќ го мачеа округот Никопол… Шестгодишно девојче беше тешко повредено… Областа седум пати беше под оган на непријателот Град и тешка артилерија“, објави на Телеграм Валентин Резниченко, началник на Регионалната воена управа на Дњепропетровск.

Забележано е дека над Никопол биле испукани повеќе од 100 гранати. Еден од нив удрил во приватна куќа, при што биле повредени 6-годишно девојче и нејзината мајка. Тие и уште една жена повредена во нападот сега се во тешка состојба во болница.

Во градот беа погодени повеќе од триесетина станбени блокови и приватни куќи, гасоводи и далноводи. Оштетени се две претпријатија, две градинки, училиште, продавници и канцеларијата на добротворната организација.

Нема информации за жртви во заедниците Марханец и Мирове. Се проценува размерот на уништување.

Подготви: Д.Мишев

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ