• Latest

Зеленски го честиташе Денот на бранителките и бранителите на Украина: Украинските бранители се борат за слободата на идните генерации

October 14, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски го честиташе Денот на бранителките и бранителите на Украина: Украинските бранители се борат за слободата на идните генерации

Украина денес го одбележува Денот на бранителките и бранителите и Денот на украинските Козаци -14 октомври,посветен на храброста и херојството на бранителите на независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и воените традиции и достигнувања на украинскиот народ, за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух

October 14, 2022 11:02
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  им го честиташе на воружените сили Денот на бранителите и бранителите на Украина

„Вие се борите за Украина, независност и слобода на сите идни генерации. Апсолутни херои. Луѓе со голема буква. Нашите бранителки и бранители на Украина“, напиша Зеленски.

Украина денес го одбележува Денот на бранителките и бранителите и Денот на украинските Козаци на 14 октомври.

Државен празник е воспостановен со Указот на Претседателот на Украина „За Денот на бранителите на Украина“ од 14 октомври 2014 година бр. 806 за одбележување на храброста и херојството на бранителите на независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и воените традиции и достигнувања на украинскиот народ, за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух, информираат од Украинскиот институт за национална меморија.

Од 2021 година, овој меморијален ден е официјално наречен Ден на бранителите и бранителките на Украина.

Жените застанаа заедно со мажите во одбрана на Татковината во различни периоди од историјата. На пример, познати се имињата на Христина Сушко и Харитина Пекарчук, кои се бореле во Армијата на УНР (Украинската Народна Република). Во Легијата на Украинските сичови стрелци постоел Женски одред, чиј коорганизатор била разузнавачката Олга Басараб. Меѓу хероите од Втората светска војна, борците на УПА (Украинската востаничка армија) може да се најдат стотици женски имиња.

Во современата украинска армија, жените служат рамо до рамо со мажите на првите борбени линии, ги совладале специјалностите на снајперист, митралезец, разузнавач, механичар, инструктор, лекар. Во текот на изминатите 10 години, бројот на жени во украинската армија се зголеми за 15 пати. Затоа, на 14 октомври се честита на сите бранители на Украина, без разлика на полот.

Датумот 14 октомври не беше случајно избран за Денот на бранителите и бранителките на Украина. Историјата на овој празник има долга традиција. Празникот Покров на Пресвета Богородица го одбележувале Козаците, за што празникот добил второ име – Козачка Покрова. Украинската армија од 1917-1921 година ги зачувала козачките воени традиции во имињата на воените единици, структури, знамињата, униформите итн. Најдобрите традиции на бранителите од минатото ги наследија борците на модерните Вооружени Сили на Украина. Украинската армија ги негува борбените традиции на своите предци и имињата на хероите, од воините на Кијивска Рус и козаците до сичовите стрелци и воините на УПА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ