• Latest

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот, власта и опозицијата да постигнат договор за одговорноста и заслугите за ЕУ, затворски казни за дезинформации во Турција

October 14, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот, власта и опозицијата да постигнат договор за одговорноста и заслугите за ЕУ, затворски казни за дезинформации во Турција

October 14, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Францускиот министер за одбрана Лекорну: Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот

Министерот за вооружени сили на Франција Себастиен Лекорну, по завршувањето на средбата со министерката Славјанка Петровска денеска во Париз, на својот фејсбук профил објави куса, но мошне моќна политичка порака за улогата на Северна Македонија на Балканот, информираат од Министерството за одбрана.

Францускиот министер за одбрана Лекорну: Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорну денеска во Париз по одржувањето на официјалната средба, го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната, кој воедно е прв од ваков карактер меѓу двете земји,  а кој следува по потпишувањето на Договорот за набавка на воена опрема од француско производство.

Петровска – Лекорну: Македонско – француската соработка се зацврстува – потпишан Договор за соработка во одбраната

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Османи: Лидерите на политичките партии треба да се сретнат и да си подадат рака, а опозицијата да биде одговорна за овие прашања во Собранието. Темата за ЕУ да не биде дневно политичко прашање, а одговорноста и заслугите, да бидат заеднички.

Османи: Власта и опозицијата да постигнат договор и да ги поделат одговорноста и заслугите за ЕУ

 

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, по неговите посети на Русија и Украина, пријави напредок во создавањето нуклеарна безбедносна и заштитна зона околу нуклеарната централа Запорижја, пренесува Укринформ.

Шефот на МААЕ забележа напредок во создавањето заштитна зона за нуклеарната централа Запорижја

Седум лица се убиени во масовниот ракетен напад на Русија врз градот Миколаев, кој се случи на 13 октомври 2022 година, објави регионалната воена управа на Миколаев на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.

Седум лица загинаа во руското ракетирање на Миколаев, нападнат регионот Днипропетровск со камикази беспилотни летала и Град MLRS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе на воружените сили Денот на бранителите и бранителите на Украина.

„Вие се борите за Украина, независност и слобода на сите идни генерации. Апсолутни херои. Луѓе со голема буква. Нашите бранителки и бранители на Украина“, напиша Зеленски.

Зеленски го честиташе Денот на бранителките и бранителите на Украина: Украинските бранители се борат за слободата на идните генерации

СВЕТ

Во историскиот исчекор, лидерите од Ерменија и Азербејџан си ветија меѓусебно признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на самитот на Европската политичка заедница одржан во Прага на 6 октомври.

Ерменија и Азербејџан си ветија меѓусебно признавање на територијалниот интегритет

Повеќе од 800 членови на медицинскиот совет на Иран го обвинија шефот на Иранскиот медицински совет дека и помага на владата да ја „прикрие“ причината за смртта на Махса Амини, кој почина во притвор.

Ирански лекари обвинуваат дека шефот на Медицинскиот совет ги прикрива причините за смртта на Махса Амини

Турскиот парламент усвои закон со наводна цел да се бори против лажните вести и дезинформациите, а критикуваниот член 29 предвидува затворска казна за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации кои се „спротивни на вистината“ за безбедноста, јавниот ред и здравје на Турција и кои наводно имаат за цел да предизвикаат загриженост и паника кај јавноста.

Турција усвои закон со кој се воведува затвор за дезинформации

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГЕТИКА Доколку АД ЕСМ го одржи планираното производство на електрична енергија не верувам дека по 31 декември ќе има потреба од зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Бислимоски: Доколку се одржи планираното производство не верувам дека ќе има поскапување на струјата на регулираниот пазар

ОПШТЕСТВО Министерството за правда вели дека нема издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението што беше отворено во април оваа година во Битола. Реакцијата на Министерството следи по денешниот заклучок на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека основањето на здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола е дискриминациски, а дека е извршена и индиректна дискриминација од страна на Министерството за правда.

МП: Немаме издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“

ИНТЕГРАЦИИ Апсолутно се согласувам дека немаме време за импровизација и дека не импровизираме. Направивме големи напори кои се и валоризирани во Извештајот на ЕК. Преговорите ги тераме со високо сериозно присуство и професионалност и во Брисел и тука. Скрининзите течат веќе втор месец, а од 7 ноември почнува и билатералниот дел на скринингот.

Маричиќ: Не импровизираме, нашите напори се валоризирани во Извештајот на ЕК

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Што е подобро, змија да те апне или магаре да ти го бапне? Вака приближно изгледа изборот за работа во нашите медиуми. Ако на ова се додаде дека новинарот одлучил да се занимава со теми од културата, од сопствениците и уредниците ќе добие кисела потценувачка насмевка и, парафразирам, „не чепкај г….о што смрди“. Можеби изгледа непристоен опис на состојбите, токму од новинар што повеќе од 20 години вложувал во себе во насока на афирмација, критика и полемизирање на тема култура, пишува Ана Василевска во колумната „Ѓубрето, новинарството, магарето и музиката“.

Ѓубрето, новинарството, магарето и музиката

Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ