• Latest

На скопјани им виси долг од речиси еден милион евра – одговорот е кај Данела

October 19, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На скопјани им виси долг од речиси еден милион евра – одговорот е кај Данела

Ако до крајот на годината Арсовска испрати одговор до ЕБОР дека го откажува проектот Бас Рапид Транспорт, ќе ги задолжи граѓаните со 890.000 евра за трошоци и камати за кредитот

October 19, 2022 16:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Освен што им ја укина можноста на скопјани да се обидат до 2024 година да добијат две линии на еколошко автобуско метро со капацитет да превезува 65.000 патници на ден, што ќе придонесе да се намали аерозагадувањето, градоначалничката Арсовска не одговорила досега јавно што ќе се случи со заемот од 70 милиони евра на ЕБОР за Бас Рапид Транспорт кои „легнаа“ во Министерството за финансии.

Од договорот со ЕБОР произлегува дека првата транша од кредитот треба(ше) да биде повлечена во октомври минатата, 2021 година, и со тоа заемот ќе се активираше за да се реализира според ставките од планот за  реализација на БРТ со соодветни суми за секоја позиција.

Она што се навестува и станува сосема извесно, бидејќи проектот е запрен, односно не ни почна да  реализира, соодветно на клаузулите од договорот, започнаа да течат трошоците за кредитот и каматата од 0,5% годишно и доколку градоначалничката Арсовска или ЕБОР го поништат договорот, овие трошоци до крајот на оваа година можат да достигнат до 890.000 еввра.

Од Министерството за финансии уште еднаш ни потврдија дека градоначалничката Арсовска и понатаму ги игнорира и не им одгововара што планира да прави со овој проект и со одобрените стедства за финансиска поддршка за реализација на БРТ.

Од добро упатени извори имаме информација дека Арсовска зе јавувала во ЕБОР со намера да добие одобрение кредитот за БРТ да го пренамени за набавка на дел од 250-те автобуси што ги вети, но дека од таму добила одговор дека станува за специјален, наменски кредит под поволни услови одобрен токму затоа што еколошкиот трамвај на тркала е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.

И додека Арсовска уште молчи по ова прашање, парите си работат, односно ЕБОР ќе си го наплати трошокот и „лежарината“ за кредитот. Колку повеќе ќе се одлага, толку повисоки ќе бидат трошоците што на крајот ќе ги платат граѓаните на Северна Македонија.

Повеќе во анализата „Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани“ што ќе биде објавена вечерва во 19 часот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ