• Latest
Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање / фотографија: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Јавна расправа за Законот за контрола на индустриски емисии

October 20, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Јавна расправа за Законот за контрола на индустриски емисии

October 20, 2022 15:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање / фотографија: Дехран Муратов, ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

 Донесувањето на Законот за контрола на индустриските емисии е голем исчекор кон заштитата на животната средина како целина, како и приближување на нашиот законодавен систем до правото на Европската Унија од областа на индустриското загадување, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на јавна расправа денеска, на која беше презентиран  Нацрт-законот за контрола на индустриски емисии, пренесува МИА.

Според Нуредини, законот целосно и ефикасно ја транспонира Директивата за индустриски емисии 2010/75/EU и ги поставува основните принципи за издавање дозволи и контрола на индустриските инсталации, базирајќи се на интегриран пристап и задолжителна имплементација на Заклучоците за најдобри достапни техники.

-Во однос на  големите индустриски капацитети што подлежат на А- Интегрирани дозволи, Законот овозможува подетално регулирање на поставените услови во дозволата, а што е особено важно за помали капацитети  што подлежат на Б – Интегрирани дозволи се воведуваат секторски, општи и обврзувачки правила што ќе биде од голема помош за општините, рече Нуредини.

Цел на овој закон е спречување и колку што е можно повеќе намалување на загадувањето што е предизвикано или што може да биде предизвикано од спроведување на индустриските активности, преку контрола на индустриските активности согласно одредбите на законот, како и обезбедување соодветен интегриран пристап за спречување и контрола на емисиите во воздухот, водата и почвата.

-Новиот Закон за контрола на индустриските емисии ќе донесе големи придобивки за почистата животна средина, спроведувањето на Директивата за индустриски емисии, ќе води кон подобар квалитет на воздухот (во однос на емисиите на прашина, SO2, NOx, метали и диоксини), ќе се подобри квалитетот на водата и почвата, ќе се овозможи подобро управување со отпадот и енергенсите, ќе се намалат штетите на вегетацијата и екосистемите, но ќе има и позитивни ефекти врз економијата, истакна  Нуредини.

Како што информира  Министерството за животна средина и просторно планирање, на денешната јавна расправа по овој Нацрт-закон се слушнаа забелешки и конструктивни предлози од присутните претставници на реномирани компании, граѓански организаци, инспекциски служби и други институции.

Коментари и забелешки ќе може да се доставуваат до Министерството и во наредните десет дена. Според Нуредини, тие се добредојдени, ќе бидат разгледани и соодветно одговорени, со цел да се добие добар и применлив закон што ќе овозможи развивање на стопанството согласно европските стандарди, како и поголема заштита и контрола на квалитетот на животната средина. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ