• Latest

Заменик -министерката Оџаклиеска на министерски состанок во Атина за намалување на ризикот од природни катастрофи

October 21, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заменик -министерката Оџаклиеска на министерски состанок во Атина за намалување на ризикот од природни катастрофи

October 21, 2022 09:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик- министерката за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Христина Оџаклиеска денеска ќе учествува на министерскиот состанок за „Намалување на ризикот од катастрофи во Источниот Медитеран “, што се одржува во Атина, а се очекува делегациите од 17 земји да дискутираат за регионалната соработка во справување со природните катастрофи, јави дописничката на МИА од Атина.

Денешната конференција е во рамките на Дијалогот за патоказот на Обединетите нации за намалување на ризикот од катастрофи и го организира Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција во соработка со Канцеларијата на ОН, а планирано е учество на делегации од 16 земји (Египет, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Франција, Израел, Италија, Јордан, Хрватска, Кипар, Либан, Црна Гора, Палестина, Романија и Турција) и домаќинот Грција, како и претставници од Европската комисија, Советот на Европа и Унијата за Медитеранот.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис на техничкиот брифинг со новинарите во средата рече дека состанокот е во контекст на Сендајската рамка за намалување на ризикот од катастрофи, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина посочи дека „не е теоретска конференција, туку ќе има и практично влијание, практичен резултат’“, со оглед на тоа дека на крајот земјите учеснички ќе потпишат заедничко соопштение.

Стилианидис, говорејќи за форумот и за важноста да се забрзаат процесите на регионалната соработка рече дека Источниот Медитеран е „хот спот“ и „не постојат решенија само на национално ниво, односно никој сам не може да најде решение, бидејќи сите сме во иста ситуација“.

Паралелно додаде дека со состанокот се истакнува и потврдува дека „улогата на Грција во европскиот механизам за цивилна заштита и во RescEU е многу важна“.

-Европскиот хуб што се вика Грција е оној кој ќе ги поврзе европските институции, европскиот механизам за цивилна заштита RescEU со целиот регион, со земјите што не се членки ниту на Европската Унија, ниту на европскиот мехнизам, рече Стилианидис и додаде дека ќе се истакне улогата на Грција не само во делот поврзан со природните катастрофи, туку и геоолитички, бидејќи „дури и природните катастрофи имаат димензија што одгорвара на геополитичкото прашање“.

На форумот, планирано е да се одржат три работилници и министерски состанок, а министерот за климатска криза и цивилна заштитана Грција ќе одржи и билатерални средби со неговите колеги од земјите учеснички.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ