• Latest

Битиќи на „Економист“ во Приштина: Клучот за одржлив развој е преку градењето доверба, прво на нашите граѓани во владата и бизнисот, а потоа и градењето доверба меѓу нашите земји

October 25, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи на „Економист“ во Приштина: Клучот за одржлив развој е преку градењето доверба, прво на нашите граѓани во владата и бизнисот, а потоа и градењето доверба меѓу нашите земји

October 25, 2022 16:24
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, Градење мостови за мир, напредок и солидарност“, информираат од Владата.

Битиќи во своето обраќање побара да му посочат индустрија за која може да почнеме да зборуваме за развој, без недостатокот на работна сила да биде покренат како прашање во дискусијата, и  како можеме да го одржиме растот и одржливоста во малите и кревки економии на Западен Балкан.

Така, додаде тој, додека размислувал за под-темата на овој панел – Инвестирање за инклузивен и одржлив раст, се расплинал на толку многу можности и прилики, но ништо од ова не беше возможно без луѓе. Луѓето кои го делат истото убедување и оптимизам за надминување на оваа криза со инклузивност и праведност.

Битиќи се осврна на темата на овој панел – Како треба да се развиваме кон одржлив раст – тоа мора да биде кон враќање на довербата дека – Напорната работа се исплати, одговорноста се наградува и секој би можел да успее доколку се обиде – без разлика кој сте, без разлика од каде доаѓате, без разлика како сте почнале. И мора да биде веднаш! Згора на тоа, нам на Балканот ни е во нашата ДНК да работиме напорно и да придонесуваме не само за себе и нашето семејство, туку и за целото човештво преку личности како Мајка Тереза, Никола Тесла, Ферид Мурати итн.

Според него, побрзите чекори кон достигнување на фазата на водење бизнис заснована на фер-плеј, фер досег/удар и правичен удел ќе бараат од сите нас да видиме дека имаме удел во успехот на секој од нас, што ќе бара од сите ние да преземеме одговорност, и тоа ќе ни обезбеди одржливост. За ова ни се потребни заедничките сили на моќната тројна спирала – Влада, бизнис и народ/граѓани.

Тој истакна дека двете наши земји се слични на многу начини, и сега верува дека треба да се бориме за нашиот народ и да ја отвориме дебатата за тоа што бизнисите и владата прават за нив, а не само како политичка реторика. Дебатата меѓу трите страни треба да биде – на најдобар начин да се врати довербата, да се врати растот, да се врати просперитетот и правичноста. Во крајна линија, тоа ќе не поттурне сите нас напред и нагоре… да се врати солидарноста.

А овие три години не потсетија на солидарноста, на потешкиот начин, потсети Битиќи.

Тој додаде дека  како социјалдемократски влади треба да ја вратиме средната класа. Треба да ја вратиме вербата во вредноста и интегритетот на работниците. Ова е дефинирачко прашање на нашето време. Ова е одлучувачки модел за средната класа и силата во развој за нашиот одржлив раст. Двете наши социјалдемократски влади треба да се заложат во тоа.

Според неговите зборови , клучот за развој на средната класа и во исто време на пазарот на трудот е премостување на јазот помеѓу старите и новите квалификации, за кои пазарот на труд е гладен.

Двете наши земји излегуваат од систем кој не поддржуваше преквалификација или брзи промени, како што имаме сега. Значи, треба да работиме заедно, владата и бизнисот во градењето на луѓето.

Треба да им дадеме шанса на луѓето да стекнат нови вештини и обука за да можат да научат да прават батерии со голема моќност, мехатроника… Треба да инвестираме време и пари во развојот на нивниот потенцијал, давајќи им ресурси, време и можност за тоа, рече Битиќи.

Ова не може да го направат само владите. Ова мора да биде заеднички напор, затоа што е од заеднички интерес… и ако ме прашувате мене. и од заедничка важност и вредност.

Работната сила е крвотокот на економијата и не можете да растете ако ја намалите движечката сила – а тоа се вештините и искуството што ги дава работната сила. Да ги градиме.

Втората тема што Битиќи  ја покрена на почетокот беше за тоа како можеме да го одржиме растот и одржливоста во малите и кревки економии на Западен Балкан.

Сметам дека, пред сè, ни треба промена во стратегијата на играта што ја играме, промена на зависностите на секој од нас од различни ресурси кон создавање силни врски на меѓусебна поврзаност и меѓу зависност. Овој нов пристап ќе создаде поголем раст, повеќе иновации и стабилен регион, истакна Вицепрмиерот.

Затоа, нагласи тој, ова ќе не донесе до друг стадиум на економски развој бидејќи нема да се натпреваруваме меѓу себе во секоја индустрија или сектор, туку напротив, ќе не поттикне да работиме заедно и да бидеме поконкурентни како регион.

Тој истакна дека врз база на глобалните промени во новата економска ера, најбрзиот начин на кој можеме заеднички да работиме и да донесеме вредност за нашите земји е преку создавање заедничка платформа за привлекување СДИ со слични пакети на поддршка и носење на целиот синџир на вредност од далечниот исток во нашиот регион.

И наместо да се натпреваруваме меѓу себе – кој од нас ќе го добие инвеститорот, ајде да го промениме нашиот пристап, да бараме вредносен синџир како целина да биде донесен овде, а не само една компанија која ќе вработи 1.000 работници.

Битиќи нагласи дека клучот за одржливост и раст на нашите економии е преку градењето доверба, прво на нашите граѓани во владата и бизнисот, а потоа и градењето доверба меѓу нашите земји.

Одиме нагоре или одиме надолу. Но, одиме заедно. Од таа причина, заедно треба да работиме за економија во која можат и треба да победат и бизнисите и работниците, подвлече  Битиќи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ