• Latest

Интервенција „Проѕирен човек“ за поголема медиумска писменост на младите

October 25, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Интервенција „Проѕирен човек“ за поголема медиумска писменост на младите

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн

October 25, 2022 16:08
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот.

Интервенцијата што беше отворена денеска е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“.

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

– Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна се уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.

Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет.

Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.

– Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.

Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.

– Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која они живеат сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.

– Тоа што не загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.

Филип Стојановски од „Метаморфозис“ вели дека кај младите често се забележуваат високи технички познавања, но вештините што се дел од општествениот контекст и што се неопходни за тие да се соочат со разните ризици и придобивки треба да се развиваат.

Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.

–  Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн.

„Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае се за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ