• Latest

Дали Мицкоски прави будала од себе или од сите останати?

October 27, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Дали Мицкоски прави будала од себе или од сите останати?

October 27, 2022 08:56
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

26 октомври (2022) беше значаен, но и многу напнат ден за Северна Македонија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја посети земјата со повеќе добри вести.

Фон дер Лајен донесе добри вести

Европа ќе ѝ помогне на земјата со 80 милиони евра беше една од двете вести што најмногу го привлекоа вниманието на јавноста.

Договорот за Фронтекс беше потпишан и на македонски јазик, по 4-годишното вето од Бугарите, беше втората добра вест. Имаше и низа други добри вести што можеа да се извлечат од нејзините средби и изјави. Помош и поддршка во текот на евроинтеграцискиот процес, финансиска, политичка, безбедносна.

Од посетата на Фон дер Лајен, втора во само три месеци, добивме и потврда за посветеноста на ЕУ ширум да ги отвори своите порти и да го поддржи интеграцискиот процес за нашата земја. Истовремено, тоа значи и признание за напорната работа и спроведувањето политики во земјава.

Признание за успехот, наспроти последиците од режимот, светската криза, национализмот и хибридните напади од Русија

Тоа се политики што се спроведуваат веќе со години; време во кое македонското општество се бори со последиците од клептократијата и структурното насилство што 11 години ги спроведуваше режимот на Груевски, сиромаштијата, национализмот и хибридните напади од Русија.

Со тенко мнозинство во парламентот зад себе, владата во овој релативно краток период реши тешки историски прашања, а паралелно со тоа се соочуваше со секојдневните предизвици на сите граѓанки и граѓани.

Сарацин ја потврди долгогодишната поддршка од Германија

Дојде и Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Овој извонреден германски политичар, секогаш искрен и директен, со исклучителна бистрина и богатство на мислата, разговараше со владата, невладините организации и опозицијата. Ја потврди поддршката од Германија за Северна Македонија, толку јасна и непоматена, конкретна и цврста – сите овие години.

Претпоставувате, вестите за средбите на Сарацин со Мицкоски беа неспоредливо побројни отколку неговите бројни средби со сите други. Сигурно редакциите процениле дека или биле неважни или за да одржат „баланс“. Или и двете. Веројатно, според тие медиуми, не е ни важно што Сарацин бил во земјата, туку затоа што се сретнал со Мицкоски. „Балансирано“.

Закани со бомби

Истиот ден кога дипломатско политичката агенда беше богата и набиена, во Скопје имаше лажни закани за поставени бомби во осум средни училишта. Полицијата реагираше брзо и професионално, немаше паника, ниту повредени при евакуацијата. Сообраќајот беше отежнат, но течеше. Вообичаените извори на дезинформации, интернет медиумите блиски до радикалните националистички партии и политичари (знаете кои се) објавија текстови чија цел беше да предизвикаат паника и штета. Иако може да се претпостави, но никој не го кажува тоа (сѐ уште), заканите со бомби имаа цел да кажат нешто во врска со македонската ЕУ агенда…

Сепак, дотука, сосе заканите за бомби, се чини, тоа беше еден типичен европски ден за нашата земја. Но потоа, падна мракот…

Да, потоа падна мракот…

Вечерта, Мицкоски, во полумрачната просторија на, инаку, пространиот општински комитет во Велес, во својата редовна состојба. После таков ден, па дури и по средба со висок германски политичар, Мицкоски е неспособен да види било што освен катастрофа.

„Вечерва бев на состанок со Општинскот комитет Велес. ВМРО-ДПМНЕ останува најорганизираната и најголема политичка сила која дава отпор и ќе ја смени најкатастрофалната власт во земјата, а потоа ќе одговараат за сите криминали, тајни имоти, броила и дезертирања во името и на грбот на Македонија“ – напиша контрашов на својот ФБ профил.

Морам да повторам – „најорганизираната и најголема политичка сила која дава отпор“. Тугооо! На што му дава тој отпор со организирана и голема политичка сила? На ЕУ интеграциите? На 80 милиони евра што ги добиваме за решавање на итни прашања среде светска воена и економска криза? На македонскиот јазик со кој се потпишуваат спогодбите? На повторените гаранции (првиот пат ја спречија со вувузели во парламентот) од првиот човек на Европска Комисија дека македонскиот ќе биде еден од официјалните јазици на ЕУ? На поддршката од Германија? На безбедноста и солидарноста што нашата земја ги ужива од најголемите демократии на светот? Прашањата можат да се нижат во бескрај, но одговор од изразот на лицето на Мицкоски и уште помалку од неговите зборови – не може да се добие.

На крајот, сепак, ми остана нејасно – дали Мицкоски прави будала од себе или од сите останати? И зошто, со каква цел? Може и наградно прашање да биде. Честам кафе за најдобриот одговор.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ