Бугарскиот претседател Румен Радев денеска нагласи дека не може да се формира Влада во државата „по секоја цена“.
– Не може да има влада по секоја цена – производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање влада.
Изјавата беше дадена на консултациите со претставниците на политичката партија „Продолжуваме со промената“.
Шефот на бугарската државата се консултира со парламентарните сили во 48. Народно собрание според уставот пред да го предаде првиот мандат за формирање влада
Во меѓувреме портпаролот на бугарската техничка Влада Антон Кутев смета дека ако сега не се формира влада, тоа нема да се случи ни за 10 години.
„Во бугарската историја се случило во третиот мандат да не се формира влада. Најважно е луѓето во парламентот да сфатат дека мора да има стабилна влада. Тие што треба да владеат не го прават ова. Тие прават нешто друго. Во парламентарна република, политичкиот систем мора да биде управуван од парламентот. Кога имаме проблем таму, она што се случува е нешто што не сме го виделе 35 години. На претседателот и техничките им се бара да сносат одговорност, а тие треба да бидат само механизам за поддршка“, објасни Кутев.
Според него, во моментов претседателот преку преодната влада, добро или лошо, во голема мера управува со државата.
„Претседателот прави се за да се одложат разговорите, бидејќи партиите не се подготвени“, додаде портпаролот на бугарската техничка влада.












