• Latest

Од аспект на иднината Отворен Балкан и Берлинскиот процес се надополнуваат и ја забрзуваат интеграцијата на регионот во ЕУ

November 2, 2022

24 ЧАСА: Училишниот прибор со намалени цени од 15 август; Бесплатен паркинг за болните од канцер на Клиничкиот центар; Украина нападна стратешка руска рафинерија кај Краснодар

August 7, 2025

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од аспект на иднината Отворен Балкан и Берлинскиот процес се надополнуваат и ја забрзуваат интеграцијата на регионот во ЕУ

November 2, 2022 10:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 3 ноември лидерите на Западен Балкан, шефови на држави и/или влади, ќе присуствуваат на Самитот на Берлинскиот процес, кој по одредена пауза, повторно се активира како иницијатива која низ конкретни мерки има за цел да ги зајакне капацитетите на институциите на земјите од регионот за постигнувањето на стандардите на ЕУ и за силно регионално поврзување и соработка.

Во моментот кога Берлин го најави „рестартирањето“ на Берлинскиот процес, скептиците и оние што ја оспоруваа(т) иницијативата Отворен Балкан, повторно станаа прилично видливи и гласни со своите тези дека ОБ е „дуплирање на Берлинскиот процес“.

Исто така, кога се земаат сите забелешки кои му се упатуваат на Отворен Балкан, не е потребно да се биде којзнае каков аналитичар за да се препознае дека извор на скептицизмот и на оние што се противници на Отворен Балкан во Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, е нивниот сентимент кон Србија, односно, кон претседателот на оваа земја Александар Вучиќ во кој гледаат личност којшто ја наметнал или ја „киднапирал“ оваа иницијатива како политички процес.

Со целосно разбирање за историските, па дури и за современите причини за чувствителност на Косово, Босна и Херцеговина, во однос на Србија која тие ја гледаат како олицетворение во Александар Вучиќ, не е фер на Отворен Балкан да се гледа како на иницијатива со единствена корист за Србија и „нејзините интереси“ да го преземе лидерството во регионот.

Ако сакаме да бидеме искрени и отворено да зборуваме за тој аспект на Отворен Балкан, тогаш Еди Рама е многу повеќе „естрадна“ ѕвезда на самитите на оваа иницијатива отколку што е тоа Александар Вучиќ.

Но, шегата на страна, има многу причини зошто Отворен Балкан не треба да се „лепи“ неосновано и единствено за интересите на Србија и на Вучиќ.

Прво не е фер заради сите придобивки на Отворен Балкан досега, како и од аспект на оние коишто допрва се очекуваат, но и од аспект на суверенета одлука на Албанија и Северна Македонија да учествуваат во овој процес без да имаат претензии да преземаат водство или да му препуштаат лидерство на некој друг.

Сите три земји досега покажаа дека единствена мотивација за иницијативата Отворен Балкан е остварувањето на опипливи придобивки за граѓаните и компаниите на деловните заедници, олеснување на движењето, отворање на регионален ппазар на трудот со пристап до нови работни места, помош меѓу земјите во услови на економска и енергетска и криза, взаемна помош при природни катастрофи…

Следно, Отворен Балкан постојано, од самиот почеток, ја испрати поканата и таа остана оотворена за сите земји од регионот. Отворен Балкан има јасна политика на отворени врати, поканата за Црна Гора, за Босна и Херцеговина и за Косово е постојано активна, а веќе се забележува дека интерес за соработка со иницијативата пројавуваат и земји членки на ЕУ како Грција, Турција и Унгарија.

На овој самит, како што е најавено, ќе присуствува и премиерот на нашата земја Димитар Ковачевски и неговото неговото учество на состанокот во Берлин е извонредна можност уште еднаш да го афирмира ставот дека Берлинскиот процес и Отворен Балкан се надополнуваат и дека регионот подобро и поквалитетно ќе напредува во процесите за остварување на ЕУ стандардите за побрза интеграција во унијата само ако различните иницијативи се координираат, се помагаат, се интегрираат. Без монополизирање на придобивките, без нивна ексклузивизација и со размена и испреплетување на најдобрите искуства од сите процеси.

На Ковачевски во Берлин му е отвора можност да покаже дека Берлинскиот процес и Отворен Балкан зе комплементарни и дека граѓаните од регионот веќе имаат и ќе имаат придобивки и од Регионалниот совет за соработка (RCC), и од младинското регионално поврзување преку RYCO, но и од регионалната стопанска комор, од иницијативата за взаемното признавање на дипломите, од „Зелените коридори“ на границите на Западен Балкан, од укинувањето на граничните контроли помеѓу земјите од Отворен Балкан на 1 јануари 2023 година…

Берлинскиот процес е ок, но Отворен Балкан поттикна огромен број туристи од Србија во Албанија или учество на 333 винарии од регионот на првиот првиоѕ меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“, кој овозможи производителите на вино да го прошират својот бизнис, да воспостават нови и да ги зајакнат постоечките деловни контакти.

Самитот на Берлинскиот процес на лидерите од Западен Балкан е и можност уште еднаш да се афирмира дека ниту овој процес, ниту, пак, Отворен Балкан, не се алтернатива за членството на земјите од регионот во ЕУ, туку како на иницијативи што го забрзуваат тој процес.

Отворен Балкан, како иницијатива која подоцна се преточи во конкретни мерки за спроведување на четирите слободи во регионот, уште во стартот имаше поддршка од Брисел, ама има и сега.

За ЕУ отсекогаш беше јасно дека Отворен Балкан е иницијатива за поголема регионална интеграција којашто ја гледаа како „додадена вредност“ на Берлинскиот процес и на одделните напори на секоја земја од Западен Балкан да ги забрза евроинтегративните процеси и да го оствари своето членство во ЕУ.

Во таа насока беше и силната и недвосмислена порака на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен од собраниската говорница во Скопје кога рече „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ!“

Прагматичните Американци, пак, од друга страна, имаа еден сосема рационалне и, би рекол, „отрезнувачки“ пристап кога е во прашање дилемата дали Отворен Балкан е „политички проект“ на еден доминантен актер во иницијативата.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на самитот на Отворен Балкан во Охрид, во јуни оваа година, истакна дека Вашингтон не го гледаат Западен Балкан од гледна точка на конфликтите во 1990-тите, туку од гледна точка на иднината, како регион со меѓусебна соработка, регион кој ја искористува својата географска положба.

Ескобар нагласи дека САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан и додаде дека таа отвора големи можности за Европа и САД и дека на неа треба да се гледа како на „важен економски проект“.

Оттаму, како регион кој со двете иницијативи, и низ Берлинскиот процес и низ Отворен Балкан, покажа дека има сериозни потенцијали за успешна регионална соработка и напредок, како значајни, суштински чекори околу кои треба сите народи и граѓани во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина во Европската Унија.

З.Бојаровски 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ