• Latest

Продолжува заштитата на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, зголемен посебниот додаток за лицата со попреченост, повторно закани со бомби во училиштата

November 4, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Продолжува заштитата на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, зголемен посебниот додаток за лицата со попреченост, повторно закани со бомби во училиштата

November 4, 2022 17:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Донесена е одлука да продолжи заштитата на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија

Владата на денешната седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тренчевска: Ja зголемивме  висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници! Ја намаливме возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи! Во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 6 до 65 годишна возраст ги вклучивме и лицата со комбинирани пречки.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските команданти бегаат од Херсон  Официјални претставници велат дека руските командантите „оставаат деморализирани и без лидери руски војници да се соочат со украинските напади. Според нив, Русите исто така имаат „критичен недостиг“ од муниција – вклучително и артилериски гранати, а дополнителни залихи се бараат дури и од Северна Кореја.

МНР на Украина ја повика меѓународната заедница да ја осуди Русија за депортацијата на украинските граѓани  Министерството за надворешни работи на Украина остро ја осудува Руската Федерација за депортација на украинските граѓани кои живеат на привремено окупираните територии на регионите Херсон и Запорижја во Украина..

Русите убија девет цивили  Во текот на изминатиот ден, како резултат на руската вооружена агресија загинаа девет цивили, а уште 16 беа повредени, објави на Телеграм заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко, според релевантните податоци добиени од регионалните воени администрации .

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНИ ЗА БОМБИ Учениците во скопските гимназии „Никола Карев“, „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“ се евакуирани, поради нова анонимна закана со бомба, а МВР за „ЦИВИЛ медиа“ потврдуваат дека овие закани со бомби се пријавени во четири скопски училишта.

ЦУБВЕНЦИОНИРАНА СТРУЈА ЗА УЧИЛИШТАТА Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците, соопшти МОН.

СРЕДБА ГЕРАСИМОВСКИ – ЕСКОБАР Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој е во посета на САД организирана од американската Амбасада во Република Северна Македонија, се сретна со претставникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар

ЗАКОН ЗА СУДСТВО Собранието ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската служба и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Никола Тупанчевски.

ЛИДЕРСКА СРЕДБА Премиерот Димитар Ковачевски најави повик до парламентарните политички партии за лидерска средба, која би се одржала в понеделник на 7 ноември во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Од Алијансата за Албанците се изјаснија дека ќе присуствуваат на средбата и дека се отворени за понатамошен дијалог во врска со отворањето на Уставот. Од ДУИ велат дека сите партии треба да присуствуваат на средбата на лидерите на парламентарните партии, бидејќи се наоѓаме пред една многу важна точка на патот кон ЕУ.

АНАЛИЗИ

Зоран Бојаровски

Отворен Балкан делуваше како дефибрилатор за Берлинскиот процес. Го реанимираше и го врати во живот после две години „контролирана кома“. „Чудото“ ги охрабри Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, заедно со Албанија, Србија и Северна Македонија, да стават потписи на три важни договори за продуктивна регионална соработка: Договорот за слобода на движење и престој на граѓаните, односно за меѓусебно признавање на личните карти; Договорот за признавање на академските квалификации и Договорот за меѓусебно признавање на стручните квалификации за лекари, стоматолози и архитекти, анализира Зоран Бојаровски во текстот „ Отворен Балкан како реаниматор за Берлинскиот процес“

Сами по себе методите на пропагандата не се зли кога промовираат благородни човечки вредности (слични методи има во педагошки припремените материјали во наставата со помали деца). Но, кога се спротивни на вредностите, може опстанокот да ни зависи од нашата моќ за нивно препознавање и неутрализирање. Пропагандните центри со тесни сопствени каузи, некомпатибилни со добробитта на луѓето во државата (не само нашата) и воедно игноратни кон опстанокот или развојот на човековата раса општо, не одмараат со дезинформациите, поларизацијата меѓу конзументите и, најстрашното, редефинирањето на поимите кои се поврзани со човечките вредности. Веќе не е доволно една посилна црна пропаганда само да ја проверат сервисите за проверка на факти и да ја означат со сеопфатниот термин „дезинформација“ или „лажни вести“, туку секој од нас треба да се вгради во општеството така што ќе ѝ одзема од ефективноста, пишува Емилија Целакоска во „ Здрав домашен рецепт за неутрализација на пропаганда“.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ