• Latest

Мега парк или затрупана депонија?

November 7, 2022

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Мега парк или затрупана депонија?

November 7, 2022 14:22
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мега паркот во Волково е еден од заедничките проекти на Општина Ѓорче Петров и Град Скопје, и како што забележа јавноста од изминатата недела се работи со полна пареа иако депонијата не е целосно расчистена, има остатоци од ѓубре, гуми, недефинирана бара полна со вода итн.

Паркот ќе се простира на површина од над 30.000 метри квадратни, а според информациите на ЦИВИЛ Медиа дел од отпадот од депонијата не е транспортиран до Дрисла, туку е само затрупан со слој земја.

Бидејќи паркот е наменет за забава, а првично и за деца, од Град Скопје една недела не одговараат на поставените прашања за безбедноста на почвата, колку е истата контаминирана и штетна за посетителите, и дали имаат елаборат од Министерството за животна средина за безбедноста на овој парк.

Молчат и од Општина Ѓорче Петров.

Неколку пати беше расчистувана но постојано компаниите но и жителите трупаа отпад, кабаст и градежен шут, мрша од угинати животни, но и отпад од месарниците и останатите фирми итн.

 

Еколошка бомба

За катастрофата која се случуваше на почвата и водата поради депонијата во Ново Село-Волково, покрај Лепенец, со години алармират жителите и граѓанските здруженија и бараа трајно решение.

Неколку пати беше расчистувана но постојано компаниите но и жителите трупаа отпад, кабаст и градежен шут, мрша од угинати животни, но и отпад од месарниците и останатите фирми итн.

Во една прилика беше фотографиран и камион на Општината како исфрла отпад на депонијата.

Покрај отпадот кој постојано се излеваше во реката Лепенец, постоеја и шпекулации дека дел од отпадот се согорува, и тоа во близина на пречистителната станица за отпадни води, за што сведоци се пред се граѓаните.

Каде заврши отпадот од депонијата?

Првиот човек на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на својата фејсбук-страница на 25 ноември мината година официјално објави дека оваа депонија е веќе исчистена и наместо отпад и чад, сега на тој терен ќе има чиста околина и простор за ново зеленило. Но она што е интересно е што тој рече дека се исчистени 150 тони отпад, а тоа се само околу 424 метри кубни отпад на депонија од 30.000 метри квадратни.

Договорите пак со фирмите кои го расчистувале отпадот, а и количините на отпад не сооодвествуваат ниту со времето на расчистувањето, ниту со количината на собраниот отпад.

-Од Општината на 25.11.2021 година информираа дека одложени се над 150 тони кабаст отпад во депонијата „Дрисла“, што во превод е меѓу 424  метри кубни.

Според инспекцијата пак извршена од страна на Државниот инспекторат за животна средина на 30.08.2022 година, компанијата ДТГТ Вато ДОО од Студеничани собрала, а без дозвола од Министерството за животна  транспортирала до Дрисла 4.766 метри кубни отпад од дивата депонија во Волково, за што подоцна се информирани и службите на Град Скопје.

Депонијата не е целосно расчистена, има остатоци од ѓубре, гуми, недефинирана бара полна со вода итн.

Договорот за чистењето на овој отпад бил потпиша 14 декември 2021 година, три недели откако општината објави дека веќе била исчистена депонијата.

До објавувањето на текстот редакцијата на ЦИВИЛ медиа не доби одговор  од оваа компанија околу активностите на депонијата.

Втората компанија задолежена за расчистување на депонијата,  Димовски Пет склучила договор на 27.12.2021 година, а отпадот што го транспортирала до „Дрисла“ е само 160 метри кубни.

Според овој договор за расчистување на парцела и депонија од депониран градежен шут и земја со ископ од 1,5 метри длабочина со туркање со булдожер во далечина од 100 метри на површината се измерени 14.195 метри кубни.

-На „Дрисла“ однесовме градежен шут онолку колку што ни рекоа од општината,  а за другот не се сеќавам што се работело бидејќи имаме многу тендери, рече сопственикот Благоја Димовски, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа зошто на „Дрисла“ се однесени само 160 метри кубни шут и како го одвоиле од другиот отпад.

Тој исто така немаше информација што се случило со останатиот отпад од истата депонија.

Депонијата во Ново Село која се наоѓа помеѓу пречистителната станица за отпадни води и реката Лепенец е на површина од 6,6 хектари, а претходно се протегаше на 11 хектари, но со текот на годините дел од истата беше уредена и оградена со жичена ограда.

Компанијата „Вато ДОО“ се најде и во случајот „Труст“

Правните лица Трансмет и Силекс неметали Кратово добија парична казна од два милиони денари која треба да ја платат во рок од 30 дена од изрекување на пресудата. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот определели за нив и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари, додека пак обвинението против „Вато ДОО“- Студеничани е утврдено дека е неиздржано и управителот Сафет Ватиќ беше ослободен од обивнението бидејќи тој  не знаел за никаков план за изигрување на јавна набавка и дека нема никаква поврзаност на „документот на турски јазик“ со влегување на конзорциумот во втора фаза.

Според обвинението, обвинетите со фалш документи учестувале и добиле тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Обвинетите на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

Соња Танеска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ