• Latest

Пониската цена на струјата ќе ја поевтини храната за 10 проценти, лажни се и денешните закани за бомби во училиштата, Конгресни избори во САД

November 9, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пониската цена на струјата ќе ја поевтини храната за 10 проценти, лажни се и денешните закани за бомби во училиштата, Конгресни избори во САД

November 9, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Двојно пониската цена на струјата ќе ја поевтини храната за 10 проценти

Компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи.

Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Буџетот за идната година е направен во координација со сите министерства и инститиции и тој е реален и остварлив. Таму е обрнато внимание на се што треба да содржи буџетот – инвестиции, инфраструктура, но и помош на компани, ранливи категории на граѓани итн.“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

ФЛЕШ НА ДЕНОТ

СТРУЈА Обезбедивме непречено и по стабилни цени, снабдување со електрична енергија на виталните институции, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција. Тој кажа дека Владата со одлука го задолжило ЕСМ за време на енергетската криза да снабдува неколку категории потрошувачи, дополнително од оние задолжени со закон.

БЕЗБЕДНОСТ Лажни се и денешните закани за бомби кои пристигнале на адресите на девет скопски средни училишта.

СУДСТВО Бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, односно повеќе нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга. Тој неодамна побарал спојување на двете затворски казни кои требаше да ги издржи, односно тој беше осуден на една година затвор за „Империја“ и исто толкава казна доби и за Плацеви на Водно“.

ОДБРАНА Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Министерството, напиша на фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска, повикувајќи го пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на телевизиски дуел.

МЕДИУМИ Според меѓународни анкети и истражувања ние во континуитет сме меѓу најнеписмените не само во европски рамки. Исто така во врска со општото образование, нам во континуитет ни пропаѓаат образовните реформи, остануваат само чепнати и толку и тоа како во основното така и во средното образование, вели за „Локално“ новинарот Зоран Иванов откако Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) покажа дека Северна Македонија каска зад земјите во регионот во однос на медиумската писменост и ПИСА тестовите.

ДКСК Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има забелешки за начинот на кој се избираше првиот човек во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), изјави денеска претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, посочувајќи дека тоа што во јавноста излегоа фотографии на новиот шеф на Обвинителството, Ислам Абази со првите луѓе на ДУИ, остава простор да се верува дека „постоело некакво влијание“.

ИЗБОРИ ВО САД Десетици милиони Американци се упатија кон гласачките места во вторникот, 8 ноември, да го дадат својот глас на конгресните избори. И најостро спротивставените аналитичари се согласуваат со едно – ова се клучни избори во САД, објави Цивил Медиа.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Сликата на која се гледа 3Д графит со Володимир Зеленски наводно на една од централните улици на главниот град на Полска со натпис „Во Варшава е пронајдена „црна дупка“ именувана по Зеленски“ стана вирална на Телеграм каналите на руските масовни медиуми и врвните пропагандисти, пренесува Укринформ.

*

Цел баталјон руски мобилизирани мажи беше збришан за неколку дена откако беа испратени на фронтот во Украина, изјавија преживеаните за руските опозициски медиуми, пренесува MSN информации од Телеграф.

*

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека поради руските напади врз енергетскиот систем околу четири милиони луѓе останаа без електрична енергија.

СЛОБОДНА ЗОНА

Дехран Муратов

„Магарешка клупа“, „Хитлер“, „деспот“, „ситен крадец“, „тиранин“… се само дел од „богатиот“ интелектуален речник на челниците на Град Скопје.

Граѓаните по којзнае кој пат беа сведоци на „евтина театарска претстава“ на седницата на Советот на Град Скопје, одржана на 8 ноември 2022 година, во која главните улоги им припаднаа повторно на скопската градоначалничка Данела Арсовска и на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа „бесплатна тертарска претстава“ на Арсовска и Славевски всушност скипјан(к)и ги чини многу, пишува Дехран Муратов во колумната – Скопјани жртви на „магарешки инат“.

Зоран Бојаровски

„Како што во јули оваа година пред очите на јавноста го кинеа „францускиот договор“, така и сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со изговори за да ја оправдаат постапката оваа партија ја „искина“ и поканата да учествува во дијалогот „Жан Моне“ во Собранието.

Да потсетиме, после подолго натегање со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и со врвот на партијата, „Жан Моне“ дијалогот на почетокот на 2020 година беше за кратко „откочен“ и на дневен ред ги стави предлозите за внатрешна реформа на Собранието за кои беше договорено да се подготват и спроведат без понатамошно одлагање“, пишува Зоран Бојаровски во колумната „Со изговори за да ја оправда постапката ВМРО-ДПМНЕ ја „искина“ и поканата да учествува во дијалогот „Жан Моне“ во Собранието“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ