• Latest

Состојба Косово: Кој е за, а кој против француско -германскиот предлог?

November 10, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Состојба Косово: Кој е за, а кој против француско -германскиот предлог?

November 10, 2022 14:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според различните  реакции од страна на косовските, српските и европските релевантни политички чинители, Француско-германскиот предлог за нова рамка за дијалог меѓу Косово и Србија, чија содржина ја објави  EURACTIV, очигледен е степенот на волјата, желбата и подготвеноста за решавање на проблемот помеѓу двете земји.

Минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес, главниот дипломат на ЕУ Жозеп Борел претстави „предлог до страните (Србија и Косово) да направат конкретен и неповратен напредок на патот кон сеопфатна нормализација“, кој беше поддржан од Германија и Франција.

Во членот 1 е наведено дека Србија и Косово ќе развиваат нормални, добрососедски односи кои ќе бидат меѓусебно засновани на еднакви права. Членот 2, пак, вели дека двете земји ќе се раководат од заедничките тежнеења за членство во Европската Унија.

Сите меѓусебни спорови, Србија и Косово ќе ги решаваат исклучиво по мирен пат и притоа ќе се воздржат од закани и употреба на сила, согласно Договорот за стабилизација и придружување, гласи членот 3. Во него се додава дека двете земји во моментот и во иднина ја потврдуваат неповредливоста на меѓусебните граници и ќе се обврзат во целост да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет.

Членот 4 нагласува дека Србија и Косово поаѓаат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да претставува друга во меѓународната сфера, ниту да делува во нејзино име.

Косово и Србија, според членот 5, ќе промовираат мирни односи на Западниот Балкан и ќе придонесуваат за регионалната безбедност и соработка во Европа.

Членот 6 од нацрт документот пропишува дека Србија и Косово ќе постапуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја од страните.

Членот 7 се однесува на изразување на подготвеност од Косово и Србија за регулирање на практичните и хуманитарни прашања во процесот на нормализација на меѓусебните односи.

Тие ќе заклучат договори во насока на развој и унапредување врз основа на овој договор и на меѓусебна корист од соработката во економијата, науката и технологијата, сообраќајот, правосудството, пошта и телекомуникации, здравство, култура, спорт и во други области, се дополнува во членот 7.

Членот 8 предвидува дека Србија и Косово ќе разменат постојани мисии кои ќе бидат воспоставени во Владите на двете земји, а во членот 9 се вели дека двете земји се согласни дека овој Договор нема да влијае на билатералните и мултилатералните меѓународни договори, како и на договорите кои се веќе потпишани или се повикуваат на нив.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави претходно оваа недела дека „во однос на Западен Балкан, но особено во однос на Косово и Србија, мора да се оддалечиме од редовното гледање во бездната на роковите кои истекуваат. Ова е таков рок“, се наведува во ЕУРАКТИВ.

По војната во Косово помеѓу 1998-1999 година и прогласувањето независност на Косово од Србија во 2008 година, со поддршка од САД и ЕУ, односите меѓу двете држави останаа затегнати. Обидите во рамките на дијалогот Белград-Приштина, олеснет од ЕУ, дадоа мал опиплив напредок од неговото започнување во 2011 година.

Имено, од септември 2022 година, се појавија гласини дека е подготвена нова рамка од неодамна назначените претставници во регионот од Париз и Берлин, што укажува на нова волја за решавање на едно од клучните прашања во регионот, чии шест земји се насочија кон членството во ЕУ.

Притисок за потпишување на договорот до крајот на тековната година доаѓа од сите страни, вклучително и Франција, Германија и САД, кои се откажаа од повеќе навестувања во текот на последните недели. Во меѓувреме, претставници на ЕУ ветија поддршка за нивниот договор на Самитот на Берлинскиот процес кој се одржа минатата недела.

Официјални лица во Белград и Приштина го потврдија постоењето на нов германско-француски предлог за договор за конечниот статус на Косово, но не се согласија за тоа што всушност се вели во документот, односно некои од нив делумно се согласуваат, а некои воопшто не го прифаќаат.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планот предлага членство на Косово во ОН, без противење од Србија, и дека со планот веројатно на Србија ќе и се дадат повеќе средства од ЕУ и брз пат за членство во блокот, но, дека оваа позиција е „неприфатлива“ бидејќи е спротивно на уставот на Србија, кој експлицитно го отфрла признавањето на Косово.

Косово не е членка на ОН бидејќи Кина и Русија, постојани членки на Советот за безбедност на ОН, ставија вето на таквиот потег.

Од Косово навестуваат дека предлогот го гледа решавањето на прашањата меѓу земјите во неколку фази и дека исто така, предвидува признавање на Косово од петте земји-членки на ЕУ кои во моментов не го прават тоа, Шпанија, Грција, Кипар, Романија и Словачка, при што Србија само прифаќа дека постои, наместо формално да го признае.

За француско-германскиот план, уште пред да се објави, зборуваше косовскиот премиер Албин Курти, кој пред неколку дена првпат призна дека таков предлог постои и дека има добра основа, пишува косовски Телеграф.

Курти вели дека она што се нарекува француско-германски план има поддршка и од Брисел и Вашингтон.

„Овој предлог го оценив како чекор во вистинската насока. Концептите и поимите што се користат таму се вредности за разлика од претходните договори кои беа внатрешни како идеологија за решавање на проблемите, каде што се вели дека Косово го има овој конкретен проблем на северот на Митровица или во Грачаница и ќе направиме специјално решение за тоа “, изјави Курти во понеделникот на прес-конференција.

Иако има свои забелешки околу предлогот, Курти сепак не го одбива.

„На 9 септември, неполн месец по оваа средба, во мојот кабинет дојдоа високите советници на канцеларот Шолц и Макрон заедно со посредникот Лајчак. Донесоа резимеа на идеи, модели кои не сум ги отфрлил и кажав дека се добра основа. Имам мои забелешки и им кажав, но не сум се спротивставил на тој предлог“, рече Курти, додавајќи дека истиот е одбиен од Србија и дека тоа е суштината на ситуацијата создадена во последните денови во земјата.

За француско-германскиот модел се изјаснија и лидерите на опозициските партии во Косово.

Претседателот на ДПК Мемли Красниќи рече дека Владата се занимава со многу технички теми наместо да се фокусира на конечниот сеопфатен договор со Србија.

„Дијалогот го разговаравме надолго и нормално имаше дискусии и за таканаречениот француско-германски предлог, но многу други пати кажав дека наместо да продолжиме да се фокусираме како земја на постигнување сеопфатен конечен договор со Србија, кој би донесе меѓусебно признавање, денес се занимаваме со многу поспорадични и технички теми“, изјави Красниќи во вторник по средбата со Курти, пишува косовски Телеграф.

Претседателот на ЛДК, Лумир Абдиџику, не го коментираше многу овој предлог. Тој рече дека на средбата со премиерот разговарале за дијалогот и за концептите на Курти за конечниот договор.

„Разговаравме за прашањето за дијалог. Косово мора да инсистира на меѓународно поддржан договор кој во основа има взаемно признавање и кој го зачувува територијалниот интегритет и уставниот поредок на Косово. Разговаравме за концептите на премиерот во однос на договорот, а нашите ставови во оваа насока, суштината на денешната средба беше безбедносната состојба и потребата од координација“, рече Абдиџику.

Претседателот на ААК, Рамуш Харадинај, пред еден ден на прес-конференција истакна дека Косово има можност да го добие признавањето на Србија, но тоа, според него, не е направено бидејќи Курти „не ја суспендирал одлуката за табличките“.

„Во октомври беше постигнат договор во Приштина и Белград, кој се засноваше на взаемно признавање. Реакцијата на Србија беше несогласување со овој договор. Владата во ноември одлучи да ја спроведе одлуката за регистарските таблички на северот. Нашиот најлојален сојузник, САД, знаејќи го сценариото на Србија кое има за цел неуспех на дијалогот, побара од Курти да ја прекине оваа одлука додека не се постигне договор, за да се задржи притисокот врз Белград и Србија“, рече Харадинај.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 ноември го потврди постоењето на француско-германскиот план, за кој се наведува дека е предлог за решавање на споровите меѓу Косово и Србија.

За потсетување, тензиите започнаа откако Косово претходно започна етапно да го применува правилото кое бара од сите сопственици на автомобили во земјата да користат таблички издадени од владата во Приштина.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ