ВЕСТ НА ДЕНОТ
Неуспешен обид на Левица да ги киднапира студентските барања Неуспешен обид на опозициската партија Левица да ги киднапира студентските барања и да добие ситни политички поени. И покрај протестите на педесетина студенти (читај членови на Левица), односно на Црвена младина, сепак студентите и властите синоќа се договорија студентскиот оброк да се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март 2023 година, низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Гарсија Перез: Кога зборувате за уставните измени морам да бидам јасна, затоа што тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за Собранието на Северна Македонија. Сега не е време да се игра со партиски прашања. Сега е време да се сфати дека национален интерес е да се работи на ова и сигурна сум дека оваа одговорност ќе биде во рацете на различни актери што ги имаме во овој момент, истакна Гарсија Перез.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Амбасадорката Дир се заблагодари за македонската поддршка на Украина со гласањето „ЗА“ на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „Искрено им благодариме на нашите македонски пријатели за постојаната поддршка на Украина, а посебно за решителното “ЗА” на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН “За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против Украина“ напиша Дир на Твитер.
Борел: Земјите од ЕУ да соработуваат за испораката на оружје во Украина Земјите од ЕУ треба да работат заедно во надополнувањето на своите воени резерви и за да избегнат меѓусебна конкуренција за време на тековните испораки на оружје за Украина, изјави денеска во Брисел високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Жозеп Борел, пред состанокот на министрите за одбрана.
Зеленски на самитот на Г20: Ако Русија сака да стави крај на оваа војна, нека го докаже тоа со акции Украина отсекогаш била лидер во мировните напори, а светот е сведок на тоа. И ако Русија каже дека наводно сака да ја прекине оваа војна, нека докаже со дела, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во својот говор на самитот на Г-20
ЕКОНОМИЈА Цените во септември во Еврозоната пораснале за 9,9 проценти споредено со месец октомври лани, инфлацијата во целата ЕУ пак изнесува 10,9 проценти и достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото како заедничка валута во 1999 година.
ИНТЕГРАЦИИ Претседателот Пендаровски на средбата со Амбасадорката Филипиду, изрази благодарност за гласната поддршка што Хеленската Република ја дава за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Филипиду оцени дека интензивирањето на билатералните средби на високо ниво е доказ за зголеменото зближување меѓу двете држави.
СВЕТ
Фрустриран од протестите, Иран го ослободува својот гнев врз својата младина, десетици млади луѓе убиени од властите Исламската Република го ослободува својот гнев врз својата младина на начини и размери што не се забележани за време на другите протести што ја потресоа земјата во последните две децении, велат групите за човекови права. Востанието ширум земјата, главно предводено од жени, секојдневно беше проследено со протести во градовите низ земјата со барање за прекин на владеењето на тврдокорните свештеници по смртта на 22-годишната жена, Махса Амини, во притвор. на морал полицијата во септември.
Светската популација надмина осум милијарди луѓе Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии.
Публикацијата „Зелена читанка“, во издание на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, е резултат на работата на истоимениот проект наменет за развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. „Зелена читанка“, во електронска и печатена форма, е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено може да биде корисна за носителите на одлуки и нивните тимови за односи со јавноста, граѓанските организации, институциите и медиумите за почетно, но и продлабочено запознавање со зелените прашања.
Во таа насока, Зелен ЦИВИЛ ја презентираше и промовираше публикацијата „Зелена читанка“ во Општина Гостивар












