• Latest

Битиќи на Конференција за праведна транзиција: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада

November 17, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи на Конференција за праведна транзиција: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада

November 17, 2022 11:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска преку видео врска се обрати на Конференцијата поврзана со праведната енергетска транзиција и како производството на енергија базирано на јаглен постепено ќе биде заменето со обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на истата, како и импликациите врз енергетската безбедност и работниците. Конференцијата е во организација на проектот „Дијагностика на праведна транзиција“ финансиран од ЕУ, имплементиран од страна на консултантската куќа „ПЛАНЕТ“ од Грција.

Во продолжени ви го праќаме интегралното обраќање на вицепремиерот Битиќи:

„Праведната транзиција е свесен и совесен избор за секоја влада. Избор кој е неизбежен ако ги погледнеме макроекономското опкружување и среднорочните до долгорочни енергетски трендови на светскиот пазар. Она што треба да го планираме е како да ги замениме работните места поврзани со јаглен со други работни места. Целта е никој да не остане изоставен како и како да ја замениме енергијата од јаглен со друга енергија за да имаме континуирана сигурност во снабдувањето по најниска можна цена.

Увидовме дека обновливите извори на електрична енергија стануваат поевтини и поевтини. Исто така, видовме голем број земји кои наметнуваат цени и даноци на јаглеродот кои имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на економиите засновани на обновливи извори во однос на економиите засновани на фосилни горива, како што е нашата во моментов. Затоа, во национален интерес е да се зајакне учеството на обновливите извори на енергија во нашиот енергетски микс што е можно порано за да се искористи намалувањето на трошоците и да се остане конкурентен. Ова стана уште пореално и ургентно по руската инвазија на Украина и последователно наглото зголемување на цените на клучните фосилни горива и зголемените ризици за нивно обезбедување.

Факт е дека сите европски влади мака мачат да се справат со претстојната зима. Ние сме меѓу нив. Сепак, мора да сфатиме дека ќе има уште една зима, а потоа друга и така натаму. Треба да се погрижиме да мислиме на долг рок додека планираме и на краток рок.

Не смееме да заборавиме на важното за итното!

Мораме да ги зголемиме обновливите извори на енергија што е можно побрзо и да инвестираме во складирање на енергија, вклучително и зелен водород, како и во мрежи. За да имаме чиста енергија цело време, дури и кога сонцето не сјае, а ветерот не дува. Со нетрпение очекуваме да слушнеме на оваа Конференција денес за различни технологии за складирање кои на крајот ќе овозможат обновливите извори на енергија да го заменат јагленот. За што секако ќе ни треба поддршка и од развојните партнери.

Со нетрпение очекуваме да слушнеме како вие, развојните партнери, можете да нé поддржите во инвестициите што ќе го направат нашиот енергетски систем поотпорен, исплатлив и побезбеден. Многу би сакале да видиме координиран пристап од развојните партнери, создавање финансиски механизам како оној што се спроведува во земјите-членки на ЕУ за праведна транзиција.

Со доволна поддршка, Северна Македонија може да стане пример за праведна енергетска транзиција кој може да послужи како пример не само за Западен Балкан, туку и за многу други земји.

Последно, би сакал да изразам благодарност до Делегацијата на Европската Унија за овој проект, како и до проектниот тим „ПЛАНЕТ“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ