• Latest

Дир: Геноцидот продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет

November 24, 2022
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дир: Геноцидот продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет

November 24, 2022 13:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Би сакала да ви се заблагодарам што најдовте време и можност да дојдете на отворањето на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“, која е посветена на почитување на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година, што се одржува во Украина и ширум светот во четвртата сабота од ноември (овој пат на 26 ноември), истакна Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија.

„Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на сталинистичкото комунистичко раководство со цел да се создаде вештачки глад во 1932-1933 година во Украина, како резултат на кој загинаа милиони и милиони луѓе.

Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, во својата суштина, беше и инструмент и механизам насочен кон истребување на украинската нација.

Гладоморот од 1932-1933 година во Украина е дел од спроведената крвава принуда на советскиот сталинистички режим.

Еден од првите што ја виде „системската природа“ на истребувањето на украинската нација беше светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин, кој јасно ги издвои фазите на таквото истребување:

1) Од 1920 до 1926 година – убиство и затворање на украински политички фигури, писатели, уметници, учители;

2) Ликвидација на Украинската Автокефална Православна Црква; свештениците и повисокото свештенство биле убивани или мачени;

3) Гладување на селаните, оружјето што се користело против нив – глад;

4) Етничкото единство беше уништено со насилно депортирање на Украинците.

Според вториот член од „Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид“ геноцид претставува секое дејствие извршено со намера да се уништи, целосно или делумно, секоја национална, етничка, расна или религиозна група како таква.

За да може злосторството да се квалификува како геноцид, потребно е да се докаже присуство на посебна умисла од страна на субјектот на злосторството.

Намерата, односно криминалната цел, во овој случај, е истребување на Украинците што беше реализирано со криминални дејствија: насилна „колективизација“; водење на „црни табли“ – запишување во регистарот на оние што не го „предале лебот“; престанок на која било трговија; одземање на храната како начин на казнување; одземање на производи, како и семиња, на насилен начин; конфискација на целиот имот; сталинистички логори; осудување на смрт со стрелање.

Роберт Конквест во својата книга „Жетвата на тагата“ напишал дека украинскиот селанец страдал двапати – и како селанец и како Украинец.

Во јануари 2010 година, Апелациониот суд на градот Кијив донесе уредба за кривична постапка врз основа на фактот за злосторство геноцид извршено во Украина во текот на 1932-1933 година – односно, постои правна основа.

Покрај тоа, на 19 април 1988 година, беше објавен извештајот на Специјалната комисија на Конгресот на САД за гладот во Украина, предводена од д-р Џејмс Мејс. Во еден од неговите заклучоци се наведува дека „Јосиф Сталин и оние околу него извршиле геноцид врз Украинците во 1932-1933 година“.

Во еден од неговите говори, Мејс рече: „За да се централизира моќта во рацете на Сталин, потребно беше да се уништи украинскиот селанец, украинските интелектуалци, украинскиот јазик, украинското разбирање на нивната историја и да се уништи Украина како целина. Ова беше едноставно пресметано и примитивно: Нема народ, како резултат нема држава, а резултатот – нема проблем“.

Џејмс Мејс истакна дека генерации Украинци ќе живеат, всушност, со колективна психолошка траума – трауматизирано постгеноцидно општество.

Постгеноцидно општество…очигледно, беше така, до 24 февруари 2022 година. Кога светот дозна за масовните погребувања на Украинците, кои беа мачени од русите.

Поминаа 90 години од геноцидот наречен Гладомор, но сега – Ирпин, Буча, Лиман, Изум, Мариупол – сето тоа се посебни симболи на геноцидот извршен од постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Вршејќи геноцид во Украина, членка на Советот за безбедност на ОН: го истребува цивилното население на Украина, убива, мачи, предизвикува тешки телесни повреди, насилно пренесува деца во руската федерација, намерно уништува станови, болници, училишта, цивилна енергетска инфраструктура во предзимскиот период.

Геноцидот продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет.

Должници сме им на храбрите англиски и американски новинари – Герет Џонс, Малколм Мугериџ, Вилијам Хенри Чемберлин, кои ризикувајќи да го загубат сопствениот живот, ја прекршија железната забрана и ја раскажаа вистината за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина.

Само постепено, со текот на времето, почнавме да ја дознаваме вистината за злосторството Гладомор.

Сега, повеќе извори ни ги покажуваат злосторствата што руската армија ги прави во Украина речиси во реално време.

Украина се обрати до земјите да го поддржат создавањето на Специјален Меѓународен Трибунал со цел да се истражат злосторствата и да се казнат злосторниците кои го тероризираат, мачат и убиваат нашиот народ. Низа држави ја поддржаа оваа иницијатива.

Врховната Рада на Украина апелираше до странските парламенти и влади да ги признаат злосторствата што руската федерација во моментов ги врши на територијата на Украина како геноцид врз украинската нација.

Украина, исто така, се обраќа за признавање на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ.

Признавањето би претставувало неверојатно силна поддршка, би додало духовна сила на оние кои се наоќаат на првата линија на фронтот и се борат за правото на живот.

Ви благодарам за вниманието. Вашата поддршка ни значи многу“, истакна Дир во своето обраќање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ