Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Владата оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.
Од страна на ДиЏовани беше изразено задоволство од соработката со Кабинетот за политики за добро владеење, и благодарност за отвореноста на вицепремиерката Грковска.
Таа го поздрави учеството на сите говорници на состанокот одржан минатиот месец во Владата, на кој се разговараше за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование и констатираше дека сите прецизно се држеле до темата на дискусија.


На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу двете институции и беше оставена отворена врата за понатамошна соработка.











































