ВЕСТ НА ДЕНОТ
ДДВ-то за храната останува 5 отсто, луксузните добра ќе се даночат со 10 проценти
Прогресивниот данок се укинува и од први јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити. Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери. Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари.
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања.
Целта на оваа даночна реформа и претставениот концепт според него е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен.
ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ
Ковачевски: Еднакви можности и инклузија на лицата со попреченост е приоритет на оваа Влада
„Драго ми е што денешното обележување го посветуваме на промоција на визијата и приоритетите на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост од идната 2023 до 2030 година. Кога инвестираме во стратегии и политики на повеќе нивоа ја докажуваме нашата борба против стигмата, против дискриминацијата и сме потсетник и инспирација за секој поединец дека лицата со попреченост ги имаат сите права како секој граѓанин и секое дете, како секој млад човек на оваа држава. Оваа Влада уште од самиот почеток се залага на преземање конкретни мерки, како би се зголемила и подобрила интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на општеството-политички, социјален, економски, културен живот“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Во Русија веќе се зборува за меѓународниот трибунал, а пропагандистите се нервозни поради неодамнешната одлука на Советот на ЕУ, според Центарот за стратешка комуникација и информациска безбедност кој ги собра главните фалсификати и наративи на руската пропаганда до 29 ноември.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Но, Бајден додаде: „Тој сè уште не го сторил тоа“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОТЧЕТ Извештајот на Министерството за внатрешни работи во врска со преносот на затворената седница во Собранието на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“ е подготвен и доставен до Собранието.
ГРЕЈНА СЕЗОНА Радијаторите на жителите на Скопје во текот на целата грејна сезона ќе бидат топли, најави премиерот Димитар Ковачевски кој посочи дека наспроти тврдењата на опозицијата и одредени медиуми гасот е набавен.
ШТРАЈК Хаосот во Скопје прогресира – штрајк и раскинати договори на приватните превозници, тензии во Дрисла, блокирана сметката на „Водовод и канализација“.
СОВЕТ Министерскиот совет на ОБСЕ заврши денеска во Лоѓ. Состанокот кој се одржа во позадина на руската војна против Украина ги собра министрите за надворешни работи и високи претставници од сите земји-членки на ОБСЕ.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми:
Албански медиуми: Финците во Шведска и Србите во Косово, Културно социјалниот простор во Тетово – општествен ресурс во канџите на локалната власт
ЦИВИЛ
Во понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. започнува семинарот на Цивил, „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата.
Семинарот трае од 5 до 10 декември. На 9 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права, Цивил и Y4M ќе организираат јавен настан под мотото „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“. Семинарот и сите активности поврзани со проектот воедно
Заинтересираните треба да пополнат Пријава за учество (ЛИНК)
МЕДИУМИ
Чадиковски, Кока или Николовски – кој ќе помогне во професионализрање на новинарството?
Во пресрет на изборното Собрание на Здружението на новинари на Северна Македонија, што ќе се одржи утре, 3 декември, во хотел Александар Палас во Скопје, ЦИВИЛ Медиа разговараше со кандидатите за претседател на здружението.
Младен Чадиковски, Филјана Кока и Марјан Николовски, во изборната трка излегоа со свои програми за подобрување на новинарството, медиумскиот простор, но и на законските регулативи што во принцип треба да придонесат кон враќање на професионализмот во професијата.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Имено, секоја популистичка политичка партија (а со тоа и популистичка власт): таа секогаш ги монополизира своите настапи и делувања „во името на народот“, додека сите останати ги стигматизира со лепенките од типот, зајковисти, соросоиди, предавници, платеници, гејеви, педерчиња… Популизмот, натаму, само за народ ги дефинира своите членови и симпатизери, а не вкупниот број на жители во државата“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Скопје, деструктивниот гнев на „смртно“ ранетите“.
Б. Јордановска












