• Latest

Младите од „Локален волонтерски сервис Битола“ го одбележаа 5. декември, доделени наградите за најдобар волонтер и волонтерска акција

December 6, 2022

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Младите од „Локален волонтерски сервис Битола“ го одбележаа 5. декември, доделени наградите за најдобар волонтер и волонтерска акција

Ангажманот на млади луѓе кои доброволно работат на фестивали од различен карактер, проекти и слично се практикува кај нас и често овие луѓе подоцна го наоѓаат и својот професионален пат преку организациите и во заедниците каде што најпрво учествувале волонтерски.

December 6, 2022 12:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Волонтерството е скапоцено искуство во насока да се стекнат вештини и знаења, особено кога станува збор за младинскиот активизам и нивните интереси од најразлични области. Ангажманот на млади луѓе кои доброволно работат на фестивали од различен карактер, проекти и слично се практикува кај нас и често овие луѓе подоцна го наоѓаат и својот професионален пат преку организациите и во заедниците каде што најпрво учествувале волонтерски.

Во Битола вчера беше одбележан 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерството со организирана јавна дискусија каде што воедно беше и доделена националната награда „Златен сертификат за волонтерство 2022“

Овој настан беше во организација на Младински културен центар – Битола во склоп на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“.

Јавната дискусија беше насловена „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“ а целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали.

Јавната дискусија беше насловена „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“ а целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали.
Јавната дискусија беше насловена „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“ а целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали.

„Се дискутираат различните методи и алатки кои можат да ги мотивираат младите како да се активираат во волонтирање во заедницата. На дискусијата беа презентирани искуствата на граѓанските организации, општина Битола, јавни институции и волонтери за ангажман на волонтери во своето работење. Беше истакната заложбата за унапредување на системот за квалитетен волонтерски менаџмент во организациите како основа за подолгорочен ангажман на волонтерите и нивно задржување за волонтирање во заедницата“, велат од организацијата.

Според организаторите на овој настан, волонтирањето на фестивалите е одлична почетна точка за активирање на младите како волонтери, но предизвикот останува како да се одржи таа нивна волонтерска енергија за континуирани волонтерски активности во локалната заедница во текот на целата година.

Наградата „Златен сертификат за волонтерство 2022“ беше доделена на  Димче Каневче – активист, хуманитерец и волонтер од Охрид.

„Димче е медиум за инспирација и поврзување. Димче од локална охридска приказна последниве неколку години прерасна во национален медиум кој придонесува за заедницата која е сè поширока секој ден. Поддржува институции за стари лица и за деца, поддржува семејства и поединци, подава рака секаде каде што е потребно, а за каузата обединува бизниси и поединци од цела држава и надвор од неа. Тој има иницирано и поддржано многу донации и акции за донирање на училишен прибор, облека, обувки, очила, организација на тематски детски родендени, илјадници дневни оброци, постелнини, компјутери, телеизори. Негова карактеристика се добротворните журки кои ги организра и со кои придонесува за видливо подобрување на условите за функционирање онаму каде што е најпотребно“, стои во образложението за наградата.

„Златен сертификат за волонтерство 2022“  се доделува и  за волонтерската акција, а добитник годинава е  „Крошу шума“ на Кромберг и Шуберт.

„Кромберг и Шуберт е компанија која во ноември 2022 година ја реализира волонтерската акција Крошу шума! 5300 вработени – 5300 садници! 5300 садници се посадија во областа Бел Камен – Крклино каде вработените во фабриката во соработка со Македонски шуми посадија мешовити садници од црн бор и даб за подобар квалитет на воздухот и спречување на ерозијата на земјиштето. Компанијата е одличен пример за корпоративно волонтирање и ангажман на вработените за подобрување на условите за живот во локалната заедница.“, се вели во образложението.

Јавната дискусија беше насловена „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“ а целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали.
Јавната дискусија беше насловена „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“ а целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали.

Имено, главната цел на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ е зајакнување на граѓанското учество и учеството на младите во развојот на локалната заедница преку волонтерство. Формирањето на Локалниот волонтерски сервис Битола претставува логичен чекор напред во градењето и унапредувањето на постоечките иницијативи и практики во Битола од областа на волонтерството коишто во најголем дел се одвоени, независни и без координација.

Очекувани резултати од проектот се формиран (воспоставен) функционален локален волонтерски сервис во Битола, идентификувани 5 локални проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола, инспирирани и вклучени 200 млади во волонтерски активности.

„Преку овие активности и планираната кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница.“, велат организаторите.

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интереншанал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Општина Битола.

А. В.

Tags: БитолаМеѓународниот ден на волонтерството
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ