• Latest

Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

December 6, 2022

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро во куќниот притвор – САД со осуда

August 5, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

Изгаснат пожарот во велешката фабриката „Мирана“, пожарникарите дежураат за да спречат повторно разгорување

August 5, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

December 6, 2022 14:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вложувањето во младите лекари специјализанти, во нивна експертиза и знаење, е влог во подобрување и усовршување на целиот здравствен систем во Северна Македонија.

Државата има квалитетен медицински кадар и за да нема одлив на кадри, потребно е да се создадат конкурентни услови за работа како во европските земји, истакна проф. д-р Венко Филипче, неврохирург и претставник на фондацијата „Заев едно општество за сите“ на вчерашната панел дискусија организирана од ЗЛС на тема „План и стратегија за задржување на младите лекари во земјата“.

Фондацијата во рамките на своите програми посебен сегмент посветува на поддршка и развој на здравството, како и унапредување на положбата на здравствените работници. За таа цел, Филипче најави дека се подготвуваат две програми како стимулирање на младите специјализанти кон повисоки професионални достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни лекари кои ќе работата во клиниките и болниците низ државата.

„Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе обезбеди стипендии за 5 до 10 специјализанти во Иркад центарот за експериментална хирургија во Стразбур,Франција. Тоа е Центар каде на животни се аплицираат најсовремените медицински достигнувања, дали се тоа ендоскопски интервенции, или отворени хируршки интервенции, или роботска хирургија или ендоваскуларна, или хибридни интервенции. Сметам дека што поголем број на млади лекари треба да го посетат тој Центар, затоа Фондацијата тоа ќе почне да го спроведува веќе од следната година. Другата програма во договор со Медицинскиот факултет и ЗЛС, Фондацијата ќе го финансира престојот, на специјализантите, на стажот за мобилност од три месеци, во некој од најразвиените европски универзитети каде ќе може да се усовршуваат и едуцираат“, истакна Филипче.

Доктор Филипче посочи дека на младите лекари треба да им се понуди соодветна поддршка и усовршување, конкурентни плати и услови во клиниките, како и почитувана позиција во општеството.

Изминативе 5 години, во секторот здравство беа реализирани 5000 вработувања, платите на здравствените работници беа драстично покачени, специјализантите за својот труд добија надомест во висина од просечна плата на општ лекар, им се плаќаат дежурства, имаат здравствено и пензиско осигурување. Дополнително, здравствениот буџет во период за пет години е зголемен близу 50%, но и покрај сето тоа треба да се размислува на подобрување на условите за работа и развој.

„Ние имаме исклучително квалитетни и посветени лекари. Има експертиза на нашите клиники која мора да се поддржува и развива и само така ќе одржуваме чекор со развиените земји и ќе ги мотивираме младите лекари да учат, да се надградуваат и работат тука. Водејќи се од овие приоритети, Фондацијата во својата програма ќе предвиди активности за поддршка на сите  млади лекари за нивен развој и едукација со цел мотивирање и унапредување на овој сектор. Покрај ова, Фондацијата ќе се фокусира и на обезбедување пристап до услуги за сите граѓани и зголемување на достапноста на услуги во сите делови од државата како и за маргинализираните групи граѓани кои немаат пристап до одредени услуги“, истакна Филипче.

Тој додаде дека подобрите услови за лекарите, специјалистите и сите здравствени работници остануваат и понатаму фокус на неговата работа, но и еден од приоритетите на Фондацијата „Заев едно општество за сите„.

На младите специјализанти Филипче им порача:

„Посакувам и понатаму да останете конструктивно агресивни кога барате состаноци, и кога барате имплементација на различни модели и да продолжи системот кој што го започна Билјана пред 5 години, го продолжи Александра заедно со Марио и со Мирален и со другите колеги. Да барате секогаш вратите да ви се отворени , да не прифаќате дека има затворена врата. Ако некогаш во некоја институција мислите дека вратата ви е затворена да влезете преку прозор затоа што оваа е ваша земја“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЗаевФилипче
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ