• Latest

Османи: Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ

December 11, 2022

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ

December 11, 2022 12:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на иден претседавач со најголемата Организација за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ и во својство на актуелен претседавач со групата Медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Арапска Република Египет, Самех Хасан Шукри Селим, во Каиро.

На средбата, беа констатирани традиционално добрите пријателски односи меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план, при што беа разменети и мислења за натамошен развој на севкупната соработка.
Воедно, министерот Османи го информираше соговорникот за приоритетните цели на Северна Македонија во рамки на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, разговараа за интензивирање на соработката со групата медитерански партнери особено дека руската агресија врз Украина и обременетото геополитичко опкружување уште повеќе ја истакнуваат важноста на Медитеранските партнери, како уникатен аранжман што го нуди ОБСЕ за размена на добри практики, дијалог и споделување  искуства.
Исто така Османи истакна: „Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ и земја на која може да сметаме во справувањето со денешните и иднините глобални безбедносни предизвици“.
Министерот потенцира дека Северна Мекедонија како земја која индиректно е поврзана со Медитеранот, има посебен интерес за интензивирање на соработката и комуникацијата со сите земји од Медитеранот. „Токму на наша иницијатива, овогодинешната медитеранска конференција на ОБСЕ се одржа во Јордан, со што после седум години, оваа конференција повторно се врати кај медитеранските партнери„ рече Османи.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици, како и за надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.
Tags: КаироОсманисоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ