ВЕСТ НА ДЕНОТ
Мијалков не беше спроведен на судењето за „Титаник 2“, се врши вонреден надзор во струшкиот затвор
Обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од затворот во Струга на денешното рочиште за „Титаник 2“. Од Основниот кривичен суд потврдуваат дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување.
Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Меѓутоа, сите наши напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено и своите сѐ уште неродени деца и внуци. Теза која многумина од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, но, правда нема да има и сѐ додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви“, рече денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање во Парламентот.
ЦИВИЛ – семинар на тема: „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“
ЦИВИЛ го заврши проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чии рамки се одржа семинар за новинарки и новинари од 5 до 10 декември. Од работата на семинарот произлегоа повеќе текстови и видео прилози на тема дезинформации и пропаганда.
Проектот се спроведе во партнерство со германската организација Младите за медиумите (youth4media).
Џабир Мемеди Дерала: Шарената револуција е преседан во светски рамки
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИПЛОМАТИЈА Најнационалистичките партии се најкорумпирани, Северна Македонија треба да биде пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура, зборуваше Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Атлантски совет, објавено на почетокот на декември.
БЕЗБЕДНОСТ Нови закани за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.
ПРАВДА Пресудата на Арбитражниот суд во Париз со кој Северна Македонија ќе треба да плати оштета за договорот за ОКТА е пристигнат во Владата пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
На 21 декември најпопуларните локации во светот ги изгаснаa светлата во знак на солидарност со Украина. Кампањата #LightUpUkraine има за цел да собере 10.000.000 УСД за купување генератори за украинските болници преку платформата за собирање средства UNITED24 што ја лансираше претседателот Зеленски.
*
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на својата официјална посета на САД се обрати пред претставниците на американскиот Конгрес во Вашингтон. Тој нагласи дека за него е голема чест да биде во Конгресот на САД и да зборува со присутните и со сите Американци!
Наспроти сите шанси и сценарија на пропаст и мрак, Украина не падна. Украина е жива и клоца, рече Зеленски. И тоа ми дава добра причина да ја споделам со вас нашата прва заедничка победа – ја победивме Русија во битката за главите на светот. Немаме страв. Ниту некој во светот треба да го има.
*
Искривената православна вера (т.е. црковно кажано ереста) „стана основа на идеологијата на режимот на Путин“. Ова е главната теза на големиот програмски говор, произнесен од Вселенскиот (Константинополски) патријарх Вартоломеј (Архондонис), „првиот по чест“ јерарх во светското православие, пишува „Greek reporter“.
СЛОБОДНА ЗОНА

„Можеби за приврзаниците на „чиста Македонија“ е чудно, но е пример на единство во Владата кога премиерот Димитар Ковачевски меѓу првите министри во кои има голема доверба и од кого е многу задоволен е министерот за економија Крешник Бектеши, на кого спротивно на премиерот, некои партиски колеги му забележуваат што подеднакво се грижи за економијата во сите региони во земјата, а не само за западниот. Или кога за европската перспектива на земјата и за македонскиот јазик се бори министерот Бујар Османи, кому патем некои Албанци му забележуваат дека почнал подобро да говори македонски од албански, но кој во напорите за признавање на автокефалноста на МПЦ, влезе и во вселенската Патријаршија на заедничка богослужба на македонскиот Архиепископ Стефан и вселенескиот Патријарх Вартоломеј.
Ова е за прв пат министрите Албанци да не изјавуваат дека за нив премиер на кого му одговараат е Али Ахмети“, пишува Љубиша Николовски во колумната „Груевски благодарен за подарокот за Св.Никола, Мицковски се теши со рејтингот на партијата, Ковачевски најзадоволен од резултатите на ИРИ“.

„Вистинската моќ на Европскиот парламент е доста ограничена. Во последните години тој се здоби со повеќе права, но најголем дел од неговото влијание останува видливо. Но, оној кој тврди дека моралот и ја става борбата за европските вредности и демократијата во центарот на својата политика, мора да биде неизвалкан – ова е основата за влијанието на Европскиот парламент., иако автократите и десничарските популисти го вперуваат прстот кон Брисел со укажување на демагогија.
Ете така „тројанксиот коњ“ влезен во ПАСОК стана корисен за спротивниот табор во европскиот Парламент, откаско дрвеното коњче само ја смени адресата“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Солунчанката Каили се покажа како „Тројански коњ“ на ПАСОК за Европарламентот“.

Борецот што ја опејуваше револуцијата
Во меѓувреме две големи страсти го исполнуваат и определуваат животот на младиот револуционер: Страста за интернационализмот на работничкото движење и за социјална правда и страста да ја опева револуцијата.
Колку била силна таа страст и потреба да ја изрази и тоа без страв, сведочи и фотографијата од еден од погорните класови во осовното училиште „Кирил и Методиј“ во Велес, на која Коста Солев, без да знае учителот, му рекол на својот другар заедно да го растегнат листот хартија на којашто пишувало „Да живее Гарибалди“, пишува Зоран Бојаровски во анализата „Рацин, македонскиот Че Гевара и последниот романтичар“.
Д. Муратов












