• Latest

Група скопски архитекти и интелектуалци со иницијатива за именување на улица по Константинос Доксијадис

December 26, 2022
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Група скопски архитекти и интелектуалци со иницијатива за именување на улица по Константинос Доксијадис

December 26, 2022 15:06
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, група на скопски архитекти и интелектуалци поднесоа до Собранието на Град Скопје и до Градоначалничката Данела Арсовска иницијатива една скопска улица да го добие името на грчкиот архитект Константинос Доксијадис со што трајно би се одбележал неговиот придонес во обновата на разрушеното Скопје во земјотресот во 1963 година.

Во текстот на оваа иницијатива се вели:

„По катастрофалниот земјотрес што го погоди нашиот град Скопје на 26 јули 1963 година, тој во домашната и странската јавност беше означен како „град на солидарноста“. Ова не е случајно затоа што во неговата обнова и изградба учествуваа многу држави од светот со свои експерти, работна рака, материјална и донаторска помош, но и многу светски познати архитекти се вклучија во процесот на создавање на новиот урбанизам и архитектонски лик на градот Скопје што се обновуваше.

Основниот урбанистички план со кој се планираше развојот на Скопје до 1981 година беше производ на Специјалниот фонд на Обединетите нации оформен за таа намена, со чија помош за изработка на планот беа ангажирани Полсервис од Полска, под раководство на Адолф Циборовски и Доксијадис Асошиејтс од Грција.

Подоцна се создаде и меѓународен тим од урбанисти, архитекти и експерти за плански развој на градот, составен од македонски, југословенски и стручни лица од други земји. Во 1965 година е прифатен новиот Генерален урбанистички план, изработен од домашни архитекти во соработка со Полсервис и Доксијадис Асошиејтс .

Еден од тие странски архитекти кои работеа на новиот лик на Скопје беше и Константинос Доксијадис (Constantinos A. Doxiadis, роден 1913 г., а починат во 1975 г.) од Република Грција, инаку учесник во повеќе проекти спонзорирани од ОН врзани со обновата и реставрацијата на подрачјата оштетени од природни катастрофи или од воени дејствија насекаде низ светот. Факултетското образование го стекнал на Атинскиот технички универзитет 1935 г., а докторирал на Универзитетот во Шарлотенбург, Берлин, 1936 г.

Неговата потесна кариера се поврзува со реконструкција и обнова на оштетени градови и објекти во минатото, но и од Втората светска војна во Грција, во Европа и пошироко низ светот. Во таа смисла во 1945 г. тој бил претставник на Грција во Англија, Франција и САД за проблемите врзани со повоената реконструкција. Од 1945. до 1951 година реконструира

објекти и градови во својата држава, Грција. Во 1953 г. основа сопствена организација како приватна фирма за инженерски консултации, заедно со помала група архитекти, инженери и планери, кои и претходно работеле на Грчката програма за обнова на земјата. Во 1958 г. Доксијадис ја основа Атинската технолошка организација, а во 1963 г. го основа Атинскиот центар за екистика (дисциплина за изучување на на човечките населби). Меѓу 1958 и 1971 г. тој предава на повеќе универзитети во САД, Оксфорд и Даблин. Носител е на многу меѓународни награди и признанија врзани со проекти спонзорирани од ОН.

Она што е важно за нас е неговата вклученост на високи позиции во процесот на обновата и изградбата на Скопје. Во Атина, 2018 г. е издадена монографија посветена на неговото дело, каде со свои прилози учествуваа и повеќе македонски архитекти под наслов. „Иднината како проект / Доксијадис во Скопје“, а по тој повод е организирана голема изложба и конференција во музејот Бенаки во Атина. Изложбата содржеше делови од работата на Доксијадис во Скопје што се дел од легатот, макети на објекти во Скопје од изложбата во МГС, како и фотографии на една од кураторките, Калипои Амигдалу, од Скопје 2014.

Тој и неговата сопруга имаат легат во новиот Бенаки музеј на ул. Пиреос 138 во Атина. За изложбата, одржана 2018 год., е релевантен следниот линк.

Поради сето горенаведеното, ние, како граѓани на Скопје, мислиме и предлагаме, во име на историјата на нашиот град и на колективното паметење, една улица да биде именувана во чест на овој многу заслужен архитект за обновата и изградбата на нашиот град по катастрофалниот земјотрес од 1963 г., како улица – Констатинос (А.) Доксијадис. “

Предлагачи:

Архитект Мимоза Томиќ

Проф. д-р Влатко Коробар

Проф. д-р Ана Ивановска

Проф. д-р Људмил Спасов

Проф. д-р Дивна Пенчиќ

Проф. д-р Ана Чупеска

Амбасадор Виктор Габер

Архитект Билјана Филиповска

Проф. д-р Далибор Јовановски

Проф. д-р Слободан Велевски,

Архитект Елена Андонова,

Проф. д-р Јован Ивановски

Проф. д-р Владимир Арсовски

Г-дин Зоран Петровски, (од МСУ)

Архитект Валентино Константинов

Архитект Владо Десков…

Print Friendly, PDF & Email
Tags: архитектиГрад СкопјеДанела АрсовскаКонстантинос Доксијадис
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ