• Latest

Танеска: Економијата е простор каде што лесно се шират дезинформации и се манипулира со бројки

January 9, 2023

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Танеска: Економијата е простор каде што лесно се шират дезинформации и се манипулира со бројки

January 9, 2023 14:24
in ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Политиката и економијата се постојано поврзани, бидејќи економските движења зависат од политичките состојби, дали во државата, дали во светот. Голем предизвик беше војната во Украина затоа што не само Македонија туку и целиот свет закрепнуваше од корона вирус кризата, каде што владите потрошија многу средства за да ги помогнат економиите“, рече Соња Танеска од ЦИВИЛ, меѓу другото, говорејќи за дезинформациите и пропагандата на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

„Македонија имаше 6 пакети мерки за справување со корона вирус кризата каде што беа опфатени сите сегменти од општеството. И кога се очекуваше на почетокот од 2022 година закрепнување на економијата и бизнисите од корона кризата, се случи војната во Украина. Тоа придонесе да се зголемат цените на енергенсите затоа што се покажа дека Европа е премногу зависна од гасот од Русија и во текот на годините не се успеало да се создадат нови, а видовме дека има и други ресурси освен рускиот гас. Ако имаше паника во февруари/март дека Европа нема да преживее без рускиот гас се воспостави дека рускиот гас сега е на најниско ниво од било кога. Беше потребно од многу месеци да настане некаква стабилизација со енергенсите, цената на струјата растеше на светските берзи и дури минатиот месец имавме некоја стабилизација на стујата, а тоа носи предизвици во животот на луѓето, односно во стопанството. Стопанството е зависно од енергенсите, под стопанството не се само компаниите, туку е и храната која доживеа највисока цена“, истакна Танеска.

Таа додаде дека во Северна Македонија реалната инфлацијата се движеше околу 20 отсто, но на годишно ниво се движи накај 15 отсто, a иста е инфлацијата и во Хрватска и Бугарија која се земји членки на Европската унија, а Македонија има послаба економија од овие две земји.

„Македонија за разлика од овие две земји, е зависна од увоз. Увозот е тој што прави голем проблем, и затоа всушност имаме двојна или поголема инфлација бидејќи и производите што ги увезуваме веќе имаат одредена инфлација од земјите од кои ги увезуваме“, нагласи таа.

Танеска потенцираше дека 2022 година беше година на големи економски предизвици.

„Нашиот буџет беше исрпен со претходните антикризни мерки, но и покрај тоа беа издвоени антикризни мерки за енергетската криза од околу 250 милиони евра. Субвенционирана е струјата за домаќинствата колку и да звучи тоа дека постојано се повторува и од владата и од медиумите. Од опозицијата има реакции дека тоа не е баш така, меѓутоа просторот во економијата е простор каде може многу лесно да се шират дезинформации или манипулации со бројки.

Македонската економија е исцрпена (ова е констатација од разговор со економисти), бидејќи толку се средствата. Опозицијата реагира дека може да се зголеми помошта, дека може да се зголемат средствата, наместо 1.500 денари помошта да биде 3.000 денари, но никогаш не посочува од каде. Велат има средства во буџетот, меѓутоа буџетот не е бесконечен“, вели Танеска.

Таа истакна дека ние добивме помош и од ММФ што е многу значаен кредит, бидејќи сепак ќе се контролираат средствата и нема да може да има злоупотреба.

„Конечно добивме преговори со ЕУ и сето тоа значи дека пополека во земјава ќе се случува стабилизација, особено во економијата тоа е многу специфично бидејќи не оди така брзо. Потребно е закрепнување на сите сегменти во стопанството. Фирмите треба да се научат дека во Македонија плаќаат најнизок данок. Тука и мало дуќанче и голема фирма да плаќаат рамен данок. Таа тема се отвори во 2022, меѓутоа поради реакциите од Стопанската комора се одложи за 2023 година за воведување на прогресивниот данок. Таа тема се провлекува неколку години наназад и тоа е нешто што е значајно, бидејќи тоа е едно од начините на кој се полни буџетот во најголемиот дел од државите во светот“, рече Танеска.

Танеска вели дека во 2023 година не може да очекува 100% сигурност. Глобалната слика за економијата е дека се очекува стабилизација, но по завршувањето на војната на Русија врз Украина.

„Сега веќе нема толкава завосност од енергенсите. Покрај две големи кризи и добро е да има стабилизиција негде во септември, но не мора да значи дека стабилизацијата може да биде и подоцна. Тоа би значело дека ќе се намалат цените, инфлацијата ќе се намали до 7 проценти, тоа се и проекциите на Народна банка и проекциите на Буџетот.

Буџетот е изгласан и голем дел од преоектите се во согласност со препораките од ЕУ, односно ќе се користи за ранливите категории. Приоритет им се дава на малите претпријатија коишто исто така треба да закрепнат од оваа криза за да не отпуштаат вработени“, вели таа.

Очекувањата на Танеска се дека и 2023 година ќе биде тешка со големи предизвици цитирајќи го проф. Ванчо Узунов кој вели „во вакви кризни времиња секогаш е добро да се штеди“, односно ние како народ треба да научиме да штедиме.

Дехран Муратов

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ