• Latest

Османи: Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“

January 4, 2023
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“

После 50 години се случува една земја учесничка да ги урива основните принципи и основните столбови не само оние на коишто почива организацијата, туку и целокупната безбедносна архитектура врз која почива мирот во Европа, Русија ги поткопува тие столбови и тие принципи преку агресијата во Укриана а со тоа доведувајчи до гоем број на последици врз луѓето во тие региони, истакна Османи

January 4, 2023 12:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“ (It’s about people), бидејќи на крајот луѓето се големите конзументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, истакна денеска на брифигот со новинарите шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

-Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, да се рехаблитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ на терен и нејзините инструменти – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање е преку тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се големите корисници на сето тоа што ние го правиме, рече Османи.

Тој подвлече дека за нас како претседавачи на ОБСЕ е важно што како мала земја во тежок период што ја има првата мисија на ОБСЕ за да спречи конфликт, за да рехабилитира постконфликтно е мисија што се уште е активна. Нагласи дека денес созреваме во земја што може да ја води и да ја предводи целата организација.

-Од конзументи на услугите на ОБСЕ, стануваме претседавачи на организацијата. Тоа што го постигна Северна Македонија внатре, преку мултиетничката функционална демократија, мултиетничките односи, културата на дијалог што го наметна, културата на компромис, добрососедските односи, сето тоа создаде имиџ кај државата, а со тоа и препознавање во меѓународната заедница дека ние сме сега зрели за да можеме тоа наше искуство во тоа наше созревање, сега да го пренесеме во регионот на ОБСЕ преку претседавањето со ОБСЕ, рече Османи.

Тој повтори дека за земјава е голема чест што 56 земји-членки на ОБСЕ гласаа едногласно за Северна Македонија да биде претседавач на ОБСЕ, имајќи предвид, како што рече, дека за наредната година нема одредено претседавач затоа што не може да се постигне консензус за наредната година, а имаше консензус за одлуката за Северна Македонија.

-Нашето претседавање се случува во една од најтешките години за ОБСЕ. После 50 години се случува една земја учесничка да ги урива основните принципи и основните столбови не само оние на коишто почива организацијата, туку и целокупната безбедносна архитектура врз која почива мирот во Европа, Русија ги поткопува тие столбови и тие принципи преку агресијата во Укриана а со тоа доведувајчи до гоем број на последици врз луѓето во тие региони, истакна Османи.

Тој потсети дека токму во Скопје во 1992 е отворена првата теренска мисија на ОБСЕ, за спречување на прелавње на конфликтот од БиХ.

-Тогаш и почнува отворањето теренски мисии, за потоа организацијата да ја има улогата на превенција на конфликти, па се вклучува во делот на менаџирање на конфликти и има сеопфатна димензија на безбедноста, посочи Османи.

Tags: ОБСЕОсмани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ