• Latest

Ад хок телото некомплетно: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со спротивставени ставови за неуспехот

August 25, 2016

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ад хок телото некомплетно: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со спротивставени ставови за неуспехот

August 25, 2016 14:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четворицата членови на ад-хок телото кое, согласно со Договорот од Пржино, 100 дена пред избори треба да прави мониторинг на работата на медиумите и да го следи медиумското претставување, новинарите Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, не успеаја да се договорат за петтиот член, со кого треба да се комплетира ова тело.

Крајниот рок за избор на петтиот член беше 24-ти август до полноќ, но членовите, кои по предлог на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ се дел од привремената комисија не успеаја со консензус, како што беше предвидено, да изберат кандидат кој им одговара на сите заинтересирани страни.

Петтиот член, за кого е договорено да биде етнички Албанец, се бираше меѓу кандидатите кои доставиле апликации: Сефер Тахири, Бесмира Ејупи, Илир Ајдини, Ајат Реџепи, Даут Даути, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков. Петрит Сарачини од граѓанската организацијаЦИВИЛ – Центар за слобода, беше предложен од Љубомир Костовски, член на ад-хок телото.

Партиите кои имаат свои предлози во телото одговорно за контрола на медумското известување пред избори, излегоа со спротивставени соопштенија за причините поради кои не е постигнат консензус во предвидената временска рамка.

2835-SDSM-ZNAME

 

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми, не сакаат објективно информирани граѓани, не сакаат избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат тој глас. Опструкциите што ги прави Груевски се доказ дека тој и неговата партија се плашат од фер и демократски избори зашто знаат дека неговите катастрофални политики за Македонија ќе доживеат конечна капитулација“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата ги охрабруваат  членовите на ад хок телото да го изберат петтиот член за да може ова тело да почне да функционира.

„Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија, како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингеренции на ова тело. Формирањето на ад хок комисијата за следење на медиумското претставување, само ја потврди партизираноста и нестручноста на Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиуски услуги. До крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа“, истакнуваат од СДСМ.

БФГ

Во соопштението на владејачката ВМРО–ДПМНЕ, која како претставници во ова тело ги номинираше Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, се вели: „Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со волјата на народот и плаќањето на казната за своето деструктивно делување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Да сакаше СДСМ слободни и фер медиуми, немаше да бара СДСМ да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ. Немаше да бара централно цензорско тело кое ќе кажува што е добар, а што лош новинарски став или мисла. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку целосна контрола врз медиумите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој и кога ќе го избере петтиот член на ад хок телото, по истекот на предвидениот рок, официјален одговор нема, но не се исклучува можноста за повторно вклучување на претставниците на меѓународната заедница.

Tags: ад хок телоБМРО-ДПМНЕизбориМакедонијаМедиумиСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ