• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Стара изборна реторика – последен обид за дестабилизација на државата пред редовните избори во 2024

January 13, 2023

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Стара изборна реторика – последен обид за дестабилизација на државата пред редовните избори во 2024

January 13, 2023 16:02
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Апсурдноста на барањето за предвремени парламентарни избори се покажа како добра проценка во 2022, и покрај континуираното барање на ВМРО-ДПМНЕ како предуслов за извлекување на државата од  економско-енергетската криза и ред други причини, на пример, „непослушноста“ на градската мајка, Данела Арсовска.

За ВМРО-ДПМНЕ мајка (додека им чинеше), за сите други маќеа, градоначалничката на Скопје, добро им дојде како еден од последните изговори за барање избори.

Владиниот став, за сега, останува непроменет во однос на отворените барања на опозицијата, иако трибините на СДСМ, како владејачко мнозинство, кон крајот на 2022 година, можеа да се сфатат како опипување на пулсот барем на сопственото членство, во однос на програмите и целите, но и перспективите за 2023-2024 година, кога реално се очекуваат редовните парламентарни избори.

Мицкоски излезе со предлог за избори на 14 или 21 мај, како што рече поради стабилноста на државата, силни институции и според нивни калкулации, атмосферата е зрела за избори.

На првата желба за 2023 на Мицкоски за избори напролет, СДСМ, па и ДУИ се спротивставија. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, изјави дека желбите на ВМРО-ДПМНЕ и фаќањето за сламка со „одметнатата“ Арсовска, не е изговор за предвремени избори.

„Не може да биде изговор на ВМРО-ДПМНЕ дека се скарале со градоначалничката, која што е нивни кандидат, тие одеа по Скопје да ја промовираат, не одев јас, и сега да кажуваат ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје, ни требаат парламентарни избори. Тоа не поминува. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините“, изјави Ковачевски.

Во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ истакна дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година и дека она што во овој период е важно се евроинтеграциите на државата.

„Не е првпат Мицкоски да промовира рушење на Владата, тоа е редовна мантра на Мицкоски која се случува секоја година, за да си го заштити своето место во ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период, сега да имаме предвремени избори и идеа за некаква широка Влада, тоа е една нереална идеја, која само ќе ја забави државата, ќе одземе една година, колку што трае еден изборен процес и со тоа ќе се изгуби моментумот за уставните измени и за напредокот во евроинтеграциите“ посочи Маричиќ.

Форсирањето за предвремени парламентарни избори дополнително ќе наштети на економијата и нејзиното стабилизирање, со оглед на веќе кризната состојба предизвикана од руската агресија врз Украина.

Цивил Медиа упати прашање од Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, но и до Државната изборна комисија и други релевантни чинители кога станува збор за изборните процеси.

Сојузот на стопански комори го даде очекуваниот одговор, кој е единствено логичен. Според нив, на бизнисот му е потребна стабилност, што не може да се обезбеди со чести избори.

„На бизнисот му е потребна стабилност, предвидливост, континуирани и системски реформи кои го унапредуваат деловното окружување, што би значело дека секогаш кога е возможно треба да се избегнуваат сите внатрешни и надворешни процеси кои може да ги нарушат овие основни предуслови за водење бизнис и за економски раст и развој на државата“, изјавија за ЦИВИЛ Медиа од Сојуз на стопански комори на Македонија.

Одговор добивме и од ДИК, кои одговорија дека прашањето за потребата од предвремени парламентарни избори не се однесува на делокругот на надлежностите на ДИК. „Со оглед дека согласно Изборниот законик, ДИК се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите, и има точно и прецизно определени надлежности“, велат од ДИК.

Иако, секогаш спремни за мониторинг на изборните процеси, сепак, ставот на ЦИВИЛ секогаш бил и сега е дека предвремени парламентарни избори се непожелни за општеството и државата. Од организацијата повеќе пати потенцираат дека изборните процеси, особено тие што се предвремени, претставуваат шок за системот. Дополнително, како што изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, нивното прифаќање би било и крајно неодговорно.

„Доколку власта се согласи или се договори со опозицијата за предвремени парламентарни избори, јас лично сметам дека тоа ќе биде неодговорен акт. Неодговорно е да се даде на опозицијата можност да потроши пари и да упропасти процеси кои се започнати, се во тек или треба да започнат“, истакна Дерала.

Според изјавата пак, на министерот за правда Никола Тупанчевски, за Нова ТВ, министерството го започнало процесот на формирање на работна група за подготовка на нов Изборен законик, а единствено ВМРО-ДПМНЕ не одговориле на поканата.

„Изборниот законик треба да биде донесен со консензус. Последните измени на Изборниот законик се направени во 2021 година и тие се однесуваа на биометриската идентификација. Како ќе изгледа новиот Изборен законик, моделот на политичкиот систем преку кој се избираат пратениците или претставниците на државата, ќе зависи од работната група, понудените решенија, идеи и аргументација“, изјави Тупанчевски.

Со оглед дека работата на работната група не е започната, со отсуството на ВМРО-ДПМНЕ, според изјавата на Тупанчевски, не се знае кога и ќе започне, најмалку 6 месеци се потребни за негово ревидирање. Сепак, дел од политичките партии немаат проблем и со ваков Избирачки законик, со оглед, дека во игра се други политички прашања.

Арбен Таравари, в.д. претседателот на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, се надева дека во овој парламентарен состав ќе се донесат уставните измени и нивното барање од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“, ќе биде прифатена.

„Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик“, изјави Таравари во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Доколку не се изгласаат уставните измени, според Таравари, неизбежни се предвремени парламентарни избори.

Предвремената изборна реторика нема да изостане во текот на годината независно од напредокот или пак дополнителни кризни состојби од надворешни или внатрешни фактори. Истовремено нема да изостанат ниту желбите и апетитите за моќ и власт преку грбот на граѓаните, за чиј интерес, декларативно сите се борат.

Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ