• Latest

Ковачевски: Дискусијата со политички маргиналци од Бугарија би им ја оставил на политички маргиналци од земјава

January 16, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Дискусијата со политички маргиналци од Бугарија би им ја оставил на политички маргиналци од земјава

January 16, 2023 15:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото, изјави денеска премиерот Ковачевски во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов на чествувањето за Мара Бунева во саботата во Скопје.

– Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи, изјави Ковачевски на денешната прес-конференција на која беше презентирана тема реализацијата на капиталните инвестиции во земјава во 2022 година.

Ковачевски нагласи дека целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активност и затоа тој нема намера да има ја исполни желбата да бидат сензација и да станат популарни, кога не се популарни ниту во сопствената држава Бугарија.

Тој посочи дека Министерството за надворешни работи соодветно реагираше на овие изјави со нота до Софија во која ваквите постапки точно ги адресираше како закана по добрососедските односи.

– МНР од официјална Софија веќе побара да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија и сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, додаде Ковачевски.

Извор: независен.мк

Tags: БугаријаКовачевскиМара БуневаЏамбаски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ