• Latest

Што работат најбогатите жени во Регионот?

January 24, 2023

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што работат најбогатите жени во Регионот?

January 24, 2023 11:07
in РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Белградскиот бизнис магазин „Неделник“ направи ранг листа на стоте најбогати луѓе во Регионот, односно во земјите од екс-ју. Најголем дел од нив се деловни луѓе од Србија (46), потоа Хрватска со 27 претставници, Босна и Херцеговина со 12, Северна Македонија со седум и Црна Гора со шест мегабогаташи.

На листата се наоѓаат само три жени од кои едната е од Хрватска, а две од Србија.

Бисера Драгичевиќ од Хрватска е сопственичка на текстилната компанија НИРД и вкупната вредност на нејзината фирма е проценета на 658.207.992 евра, а таа се наоѓа на 36.место, таа не е многу присутна во медиумите и речиси и да нема никакви информации на социјалните мрежи.

На 46. место се наоѓа Јасна Станивук од Магна Фармација од Србија пак тежи 560.487.777 евра, а бизнисот го започнала во далечната 1993 година,  а таа и нејзината аптека Магна го зголемија нето приходот за време на ковидот во споредба со 2016 година за речиси 11 пати, во милиони евра.

На 76. Место пак се наоѓа Соња Петриќ со компанијата Промист, Галенс Инвест од Србија но заеднички со нејзиниот сопруг Небојша Петриќ имаат 310.737.902 евра.

Tие се познати во Србија по протестите на земјоделците откако во 2021 година откако сопственикот на компанијата Галенс, Небојша Петриќ, преку неговата фирма „Промист доо“ во увезол од Русија над 30.000 тони неквалитетно вештачко ѓубриво, кое на локалните земјоделци им се продавало како најдобро. Покрај штетата што ја предизвика оваа измама на секој земјоделец во вид на помали приноси, сопственикот заработил речиси три и пол милиони евра.

Листата на 100-те најбогати во Регионот ја составија експерти од две реномирани консултантски компании кои работат на Њујоршката берза. Тие ги искористија, како што наведуваат, најавторитетните мултипликатори на Stern School of Business на Универзитетот во Њујорк (и компаративни компании), а во анализата ги вклучија и резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Истовремено, составувачите на листата предупредуваат дека не се работи за лично богатство и дека не сакале да покажат колку пари имаат овие претприемачи, туку колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат ако се продадат.

Подготви С.Танеска


Седумте најбогати Македонци се мажи

 

Tags: Босна и Херцеговинанајбогати во регионотСеверна МакедонијаСрбијаХрвтаскаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ