• Latest

Дваесет од 100 000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, потребна е масовна ХПВ вакцинација и ХПВ примерен скрининг

January 24, 2023
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Дваесет од 100 000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, потребна е масовна ХПВ вакцинација и ХПВ примерен скрининг

January 24, 2023 19:19
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години, беше истакнато на денешната прес-конференција што се одржа по повод Недела на борба против ракот на грлото на матката, на која беше наведено и дека во „Мој термин“ се воведува секција „женско здравје“, каде ќе бидат внесени сите извештаи од гинеколошките прегледи, како и од ехо на дојка и момографија, пренесува МИА. 

На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија ( членки на Македонското Лекарско Друштво) беше истакнато  ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак.

– Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.

Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза.

Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.

– Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.

Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век.

Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.

– ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.

Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира.

Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат.

Професорот Горан Димитров упати благодарност до Националниот систем „Мој термин“ бидејќи на нивно барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел за „женско здравје“.

– На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, наведе Димитров.

Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување.

Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

 

Tags: лекувањерак на грло на маткаХПВ вакцинацијаХПВ примарен скрининг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ