Мета ќе го врати Фејсбук профилот на Трамп. Нешто повеќе од две години откако сметките на Доналд Трамп беа суспендирани од Фејсбук и Инстаграм, Мета, сопственикот на платформите, рече дека ќе го врати пристапот на поранешниот претседател до нив, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Трамп претходно имаше стотици милиони следбеници и беше најследен профил на Фејсбук кога му беше забрането.
Мета, заедно со другите мејнстрим сервиси за социјални медиуми, го суспендираше Трамп од своите платформи во 2021 година, откако стотици луѓе упаднаа во Капитол во негово име, велејќи дека неговите објави ризикуваат да поттикнат повеќе насилство. Компанијата вчера соопшти дека одлучила да ги повлече забраните бидејќи ризикот за јавната безбедност „доволно се намалил“.
Во ноември, Твитер профилот на Трамп исто така беше вратен, давајќи му на поранешниот претседател повеќе видливост додека води кампања за Белата куќа во 2024 година.
Но, Трамп сеуште не објави на Твитер и моментално е активен само на десничарската социјална мрежа Truth Social.
Во објавата на Truth Social, Трамп рече дека „деплатформирачки“ не треба „никогаш повеќе да му се случи на актуелниот претседател или на кој било друг што не заслужува одмазда!
Трамп долго време не сакаше е-пошта и други комуникации кои оставаат трага. Но, неодамна, велат соработниците, тој почнал да испраќа СМС пораки.
YouTube не соопшти дали ќе му дозволи на поранешниот претседател да се врати на платформата.
Подготви: Д. Мишев