• Latest
Фото/ Влада на Р. С. Македонија

Паолучи: Светска банка продолжува со поддршката во социјалната, детска и здравствена заштита

January 30, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паолучи: Светска банка продолжува со поддршката во социјалната, детска и здравствена заштита

January 30, 2023 19:46
in ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Фото/ Влада на Р. С. Македонија

Фото/ Влада на Р. С. Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Светка банка во Република Северна Македонија Масимилијано Паолучи на дводневната конференција „Година на нови можности“ на панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ зборуваше за постигнатите резултати во проектите поддржани од Светска банка во социјалната, детска и здравствена заштита.

„Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги започна 16 инфраструктурни проекти – детски градинки, кои се во напредна фаза на изградба или се завршени и кои обезбедуваат опфат на нови 2.000 деца. Детските градинки се економични и енергетски ефикасни, во согласност со најдобрите меѓународни практики и националните регулативи“, рече Паолучи.

Според него, КОВИД-19 не научи да бидеме подготвени и одговорот на земјата е добар колку е подготвен системот.

„Во време на криза важно беше да им се помогне на лицата да ја пребродат кризата, преку обезбедување на ресурси за надминување на кризата. Истовремено работевме на јакнење на капацитетите на здравствените институции, пришто беа опремени 678 кревети од единицата за интензивна нега за пациенти со КОВИД-19“, истакна Паолучи.

Постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, од друга страна зборуваше за важност на инклузијата во општеството и развивање на деинституционализацијата како процес, како и воспоставувањето на Меѓународната класификација на функционалноста.

„Во изминатите неколку години заедно постигнавме навистина значителни резултати што заслужуваат да се прослават. Политиките насочени кон кризите треба да се системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека и покрај предизвиците, нашиот пат ќе остане фокусиран на одржливиот развој.

Таа истакна дека во здравството, неопходно е да се проценат пречките до здравствените услуги во руралните и оддалечените места, а и во малите урбани населби за да се намалат нееднаквостите во здравството и да се придонесе за социјална кохезија, како и за отпорност и обнова на внатрешноста на земјата.

Според неа неопходно е да се работи и на менталното здравје на децата и адолесцентите, како и да се зголемат капацитетите и генералното знаење за имунизација.

Дуџиак во панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ рече дека зајакнувањето на процесот на дигитализација може значително да ги намали административните бариери и товар на здравствените работници, за да се зголемат услугите кон пациентите.

„Како и секогаш, семејството на Обединетите нации цврсто е подготвено да работи заедно со Владата и сите национални и меѓународни партнери за да придонесе кон зголемен квалитет на животот на луѓето што живеат во Северна Македонија“, истакна Дуџиак.

Н. А

Tags: КОВИД-19Масимилијано ПаолучиСветка банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ