ВЕСТ НА ДЕНОТ
Проверките по дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од МВР.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Бајден штотуку ја уништи последната надеж на Путин
Симболиката е исто така важна: Кенеди или Реган на Берлинскиот ѕид, Черчил со пура и куглар, Зеленски облечен во зелено повикува: „Ми треба муниција, а не превоз“. Едноставно, со тоа што го направи опасното патување во Кијив, Бајден направи стратешки потег од кардинално значење.
Путин донесе одлука за суспендирање на учеството во договорот за намалување на нуклеарното оружје
Рускиот претседател Владимир Путин во неговото одложено годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Националното собрание на Русија, обвинувајќи го Западот за сопствената неиспровоцирана целосна агресија врз Украина, и во обид да ги дезавуира константните неуспеси на бојното поле, изјави дека донел одлука да го суспендира учеството на неговата земја во Договорот за намалување на нуклеарното вооружување со САД – „Новиот СТАРТ“, загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се регулираат двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.
Редакциски избор од албански медиуми Тензии во албанското собрание, „Пирамидата“ во Тирана – нов „Тел Авив на Балканот“, Албанија се соочува со масовна имиграција
И денеска во албанското собрание е тензично, односно, се бара исклучување на 6 пратеници од опозицијата, јавуваат албанските медиуми. Во статија на Њујорк Тајмс се отвора темата за „Пирамидата“ во Тирана, чијашто трансформација чини 22 милиони долари, а неодамнешниот извештај на ИНСТАТ вели дека Албанците ја сочинуваат деветтата по големина популација во ЕУ од целиот свет по имиграција. Ова е само дел од изборот на темите од Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.
МЕДИУМИ
Ново подкаст шоу „Политиканти„ за најпопуларните теми на локално и глобално ниво
овата подкаст платформа „Политиканти„ , која преку преку гласовно информирање на слушател(к)ите ќе им ги доближи најпопуларните теми на локално и глобално ниво започна со емитување.
„Политиканти“ е аудио емисија во која се дискутираат и анализираат актуелни настани, политики и прашања поврзани со политиката и владата, често со интервјуа со експерти и политичари од различни перспективи и идеологии.
Шоуто за геополитички разговори со гости од различни сфери, давајќи увид во она што е актуелно го водат Борјан Јовановски и Сашо Орданоски, медиумски професионалци кои целосната кариера ја посветиле на новинарството и правилното известување и пренесување на вести.
ЗЕМЈОТРЕС
Единаесет жртви во синоќешните земјотреси во Турција и во Сирија
Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми. Засега нема официјални податоци за бројот на жртвите.
ЗДРАВСТВО
Независниот синдикат на државна администрација нема да штрајкува
Независниот синдикат на државна администрација денеска соопшти дека нема да организира, ниту пак ќе учествува во протест или штрајк бидејќи е исполнето барањето за исплата на плата за јануари за здравствените работници.
СЛОБОДНА ЗОНА
Европскиот пат на Македонија води меѓу македонската сцила и бугарската харибда
Како две митски суштества, Сцила и Харибда, најнемакедонската партија ВМРО-ДПМНЕ и бугарската антимакеднска политичка гарнитура, стојат надвиснати за да се удавиме. Првите од злоба и желба за власт по секоја цена, вторите од познатите великобугарски апетити, пишува во најновата колумна Љубиша Николовски.
Латас, корифеј на тиранија и неслобода
Пред извесно време се отвори опасна „ларма“ за интервјуто на Латас со некој бизарен „јутуб(л)ер“ Лазаров. Го слушнавме сите тоа контраверзно и длабоко пореметено фрик-шоу на еден бивш медиумски могул од времето на Груевски и водител – младо момче Лазаров кое е тука само „да се зеза, брка лајкови и лови сојки“.
Па, добро, што е тука спорно, некој ќе рече? Спорно е сè, а најмногу е спорен коментарот на Драган Павловиќ – Латас, а тој гласи: „имав еден познаник од Кисела Вода, беше многу насилен и тепаше девојки за да има секс, тој беше син на моќен полициски инспектор, па го штитеа. Еднаш кога имав 14-15 години ме зеде со себе и ме втера во автомобил, Фичо, таму седеше гола девојка, целата распарталена и ми рече ајде работи“, пишшува аналитичарот Ненад Јовановиќ.












