• Latest

Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија

February 22, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија

February 22, 2023 15:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата и промоцијата на мајчиниот јазик преку литературата беше темата на втората дебата од серијалот „#Culture Talks“, што ја организираше денеска „Европската куќа“ во Скопје.

На дебатата, која се одржа по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, како што информираат од Министерството за култура, беше истакнато виталното значење на овој ден за промоција и заштита на сите јазици, но истовремено и за подигнување на свеста за лингвистичката и културна разноликост.

Панелисти на дебатата беа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, редовната професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, д-р Весна Мојсова-Чепишевска, лауреатот на Европската награда за литература, Петар Андоновски и лекторот по македонски јазик Дејан Василевски.

Како голем чекор во заштитата на мајчиниот јазик беше посочен проектот за дигитализација на досиејата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во контекст на овие активности, министерката Костадиновска-Стојчевска напомена дека за да ја заштитиме литературата, претходно мора да работиме, да го негуваме мајчиниот македонски јазик и да ги сочуваме секој дијалект и секоја буква.

Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство што македонскиот јазик е признаен како официјален во Европската Унија и ги напомена активностите кои се преземаат во насока на негова заштита и промоција.

Таа нагласи дека годинава во културата се прославуваат неколку значајни јубилеи и во тој контекст се поддржани неколку проекти на Институтот за македонски јазик, преку кои достојно ќе биде одбележан нивниот седум децениски јубилеј, како и одбележувањето на 120 години од објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“.

Министерката за култура се осврна и на поддршката на манифестациите кои имаат огромно значење за промоцијата на нашиот јазик, како што се Струшките вечери на поезијата и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Таа потсети дека годинава поддршка добиле 500-тини наслови на близу 40 манифестации во издавачката дејност.

Амбасадорот Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик што е широко распространет, исто како што тоа, на пример, го чувствува некој од Шпанија.

За неговото познавање на македонската литература, амбасадорот Гир рече дека неговите соработници секогаш се трудат да го запознаат со тоа што нему му причинува задоволство. Тој додаде дека македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија.

– Ваквите настани се фасцинантни и многу излагања овде ми ги отворија очите. Оваа култура има што да каже, не само тука, туку и во ЕУ, додаде Гир.

Директорката на Семинарот за македонски јазик, литература и култура Мојсова-Чепишевска, истакна дека нашата литература опстојува низ минатото без разлика колку бил негиран македонскиот јазик.

Во врска со прашањето зошто малку се изучува македонскиот јазик, Мојсова-Чепишевска рече дека квантитетот не секогаш дава квалитет, а македонскиот јазик треба да го изучуваат оние студенти кои вистински го сакаат јазикот и кои вистински сакаат да го применуваат.

– Македонскиот јазик треба да го учи најдобриот, тој што вистински сака да го учи. Писателите се една добра армија која го чува јазикот, а преку преводот тие стануваат европски автори, рече Мојсова-Чепишевска.

Таа посочи дека имаме десет лекторати на македонски јазик во светот, кои имаат образовна и едукативна цел, но остваруваат функција и на културна дипломатија. Таа посочи дека состојбата не е, како што рече, розова, но не е ни лоша, и дека има напори да се отворат лекторати и во Турција и во Кина.

Писателот и лауреат на Европската награда за литература, Андоновски, истакна дека активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура за промоција на македонскиот јазик се навистина значајни, но не може целата борба да падне на грижата на поединци и во врска со тоа повеќе треба да направи државата.

Андоновски ја истакна потребата од формирање Агенција за книга, која ќе работи на промоција и афирмација на македонската книжевност во светот. Тој ја посочи и важноста од учеството на саемите на книгата, особено на оној во Франкфурт, каде треба да се има поразличен пристап во промоцијата.

Лекторот Василевски ги сподели своите искуства во однос на примената на македонскиот јазик и додаде дека состојбата со примената во повеќе аспекти е лоша.

– Македонските автори се трудат да пишуваат литературно. За преводите, примената е послаба, според мене, тоа е заради ниските цени на преводите. Лоша е состојбата во примената на македонскиот јазик во медиумите и интернет порталите кои речиси и да немаат лектор, се пласираат информации кои воопшто не се лекторирани, истакна Василевски.

Тој додаде дека потребна е поголема контрола на примената на јазикот и истакна дека тоа ќе се уреди со новиот Инспекторат за примена на македонскиот јазик, чие формирање е предвидено со новиот Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.

Во дебатата свои размислувања на посочената тема дадоа и студенти, новинари, лектори, библиотекари и други.

Tags: Гирмакедонски јазик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ