ВЕСТ НА ДЕНОТ
Кривичен суд одлучи – Мерки за претпазливост за Латас и Лазаров
Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Воената агресија на Русија против Украина има сериозни импликации за целиот свет. Свет на кој му треба да се врати мирот, но стабилен и траен мир во Украина е можен само во согласност со одредбите на Повелбата на ОН, со почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет на која било земја членка на ОН.
Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
„За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.
СЛОБОДНА ЗОНА
Украина е првото име на слободниот свет
Во напаѓачка смисла поглупав поход, ако така може да се нарече руската агресија, од инвазијата на Путин, мене ми се гледа само слоновското форсирање на Алпите од страна на картагенскиот фелдмаршал Ханибал, а во одбранбен поглед, поразите на Русите се поглупи и од поразот на Инките во судирот со Пизаро и неговите конквистадори, пишува во најновата колумна Тричковски.
Подготви: Д. Варошлија












