Доцна синоќа со 65 гласови За на предлог на премиерот Ковачевски, Собранието на Северна Македонија ги избра четворицата нови министри. Со ова се потврди новото парламентарно мнозинство.
Нови министри во Владата се: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;, Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како Влада, продолжуваме, ефикасно да ги спроведуваме реформите во интерес на граѓаните и ќе го зајакнуваме парламентарното мнозинство, по трасираниот, европскиот пат, со цел членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, како национален и стратешки државен интерес, потенцираа од Владата.