• Latest

Цената на водата, наместо да се зголемувa можно е и да се намали, вели Бислимовски

February 28, 2023
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува освен посебен сообраќаен режим?

October 2, 2026
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

October 2, 2026

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Цената на водата, наместо да се зголемувa можно е и да се намали, вели Бислимовски

February 28, 2023 15:36
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По сѐ изгледа дека цената на водата за пиење во Скопје не само што нема да се зголеми, туку можно е и да се намали или да остане иста. Минатата недела Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на просечната тарифа на водата за 3,22 денари, откако ЈП „Водовод и канализација“ побара од нив корекција на цената. Потоа од јавното претпријатие излегоа со демант на таа информација и тврдеа дека никогаш не побарале водата да поскапи.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска повторно потврди дека фактите се јасни и дека одлуката ја донеле врз основа на барањето на ЈП „Водовод и канализација“ поднесено во ноември минатата година и нагласи дека не сака и понатаму да се „натега“ дали поднеле или не поднеле барање. Тој посочи дека јавното претпријатие побарало минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари за кубик потрошена вода.

Имајќи во предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци, таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на „Водовод и канализација“ и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје – рече Бислимоски.

Како што нагласи претседателот на Регулаторна, ова треба да биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат, потенцира Бислимоски.

Бислимовски информира дека барања за зголемување на цената на водата поднеле и други општини, како на пример Кичево и Ресен, а Охрид пак бара зголемување на цената на водата за 70 проценти, што според него, не е реално.

Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода – рече Бислимоски.

Tags: Бислимовскиводаводовод и канализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ